УНИВЕРЗИТЕТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
  • News
  • Македонски
    • За Нас
    • Факултети
    • Обраќање на Ректорот
    • Услови за студирање
    • Наставен кадар
    • Doctor Honoris Causa
    • Универзитетски билтен
    • ЕФА Продукција
  • English
    • About Us
    • Faculties
    • Rector's Address
    • Conditions
    • Professors
    • Doctor Honoris Causa
    • Professor Honoris Causa
  • Collaboration
  • Events
  • Gallery
    • Photo >
      • Inauguration
      • First generation
      • Play Beckett
      • Thierry Arbogast
      • Jiri Menzel
      • First class 2010/2011
      • Simposium Bouvier
      • Visit of Boyana Film
      • First class 2011/2012
      • Miki Manojlovic
      • Jean Claude Carriere
      • Abdulah Sidran
      • Radivojevic/Cvetkovic
      • Montenegro
      • First class 2012/2013
      • Golden Dedal 2012
      • Education fair 2012
      • First class 2013/2014
      • Aleksandar Morfov
      • Slavjanski
      • Education fair 2014
      • First class 2014/2015
    • Video >
      • Promotional videos
      • Student's works
  • Links
  • Contact

КОНКУРС ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2016/2017

16/4/2016

0 Comments

 
Врз основа на член 57, член 108 и член 110 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ број 35/2008), Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Театарска и Танцова академија ЕФТА Скопје објавува КОНКУРС за запишување студенти во прва година на прв и втор циклус студии во учебната 2016/2017 година.

1. Број на студенти

На факултетите (единиците) на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска Филмска Театарска и Танцова академија ЕФТА-Скопје, во прва година на прв циклус универзитетски студии (додипломски студии) и на втор циклус универзитетски студии (специјалистички студии и постдипломски - мастер студии), во учебната 2016/2017 година ќе се запишат следниов број студенти:

ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ (3 години, 6 семестри):

- Факултет за театарски уметности
o Студиска програма: Театарски уметности – 40 студенти
(Театарска режија, Актерска игра, Драматургија)

- Факултет за филмски уметности
o Студиска програма: Филмски уметности - 50 студенти
(Филмска и Тв режија, Филмска и ТВ Камера, Филмска и ТВ монтажа, Фотографија, Продукција, Анимација, Звучен Инженеринг, Музичка Продукција)

- Факултет за применета музика
o Студиска програма: Музичка уметност - 30 студенти
(Композиција на филмска музика, Вокална интерпретација, Интерпретација на популарна музика)
o Студиска програма: Современ танц - 10 студенти
(Современ танц)

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ (1 година, 2 семестри):

- Факултет за театарски уметности
o Студиска програма: театарски уметности - 20 студенти
(Театарска режија, Актерска игра, Драматургија)

- Факултет за филмски уметности
o Студиска програма: Филмски уметности - 30 студенти
(Филмска и Тв режија, Филмска и ТВ Камера, Филмска и ТВ монтажа, Продукција, Анимација, Звучен Инженеринг, Музичка Продукција)

- Факултет за применета музика
o Студиска програма: Музичка уметност - 20 студенти
(Композиција на филмска музика, Вокална интерпретација, Интерпретација на популарна музика, Современ танц, Кореографија)

ПОСТДИПЛОМСКИ МАСТЕР СТУДИИ:

- Факултет за театарски уметности
o Студиска програма: Сценски уметности - 20 студенти

- Факултет за филмски уметности
o Студиска програма: Аудиовизуелни уметности - 30 студенти


2. Услови и критериуми за запишување
- Право на запишување на прв циклус универзитетски студии (додипломски студии) имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука, кои положиле државна матура, меѓународна матура или училишна матура во уметничко образование. Право на запишување на прв циклус универзитетски студии (додипломски студии) имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование пред роковите за полагање на државна матура. Странски државјани може да се запишат на студии под истите услови како и државјаните на Р. Македонија. Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самостојно надоместување на трошоците на студиите. Надоместокот за студирање на факултетите во состав на Универзитетот, е регулиран со правилник за наплата на школарина и изнесува од 2000 - 3000 евра во денарска противредност.
- Право на запишување на втор циклус специјалистички универзитетски студии, имаат кандидатите со завршено тригодишно високо образование од прв циклус (стекнати 180 кредити). Странски државјани може да се запишат на студии под истите услови како и државјаните на Република Македонија. Надоместокот за студирање на факултетите во состав на Универзитетот, изнесува од 2000-3000 евра во денарска противредност .
- Право на запишување на втор циклус постдипломски универзитетски студии (мастер) имаат кандидатите со завршено четиригодишно високо образование од прв циклус (стекнати 240 кредити), односно тригодишно високо образование од прв циклус и едногодишни специјалистички студии (стекнати 180+60 кредити). Странски државјани може да се запишат на студии под истите услови како и државјаните на Република Македонија. Надоместокот за студирање на факултетите во состав на Универзитетот, изнесува 800 евра од семестар во денарска противредност, а надоместокот за одбраната на магистерскиот труд изнесува 400 евра.
- Наставата се изведува на македонски и англиски јазик.


3. Рокови и потребни документи за пријавување и запишување

Пријавувањето на кандидатите се врши од денот на објавувањето на конкурсот и трае до 01.10.2016 за додипломски студии и до 01.11.2016 за специјалистички и постдипломски студии.
При пријавувањето за запишување на факултетите, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
a. Пријава за запишување
b. Свидетелство за завршено средно образование / За запишување на последипломски, мастер студии - Диплома за завршен прв циклус на студии, куса биографија (CV), документи за евентуални награди, признанија (авторски трудови), препораки и сл.
c. Извод од матичната книга на родените
d. Кандидатите странски државјани, со пријавата, поднесуваат нострифицирано свидетелство за завршено средно образование (за додипломски студии) т.е. диплома за завршен прв циклус на студии (за постдипломски студии) во странство.

Документите се поднесуваат до:
Универзитет за аудиовизуелни уметности,
ул. Никола Русински, бр.1. 1000 Скопје,
телефон. 02 3061 543 /
e-mail: info@esra.com.mk / esraskopje@gmail.com

Конкурсот е објавен и на интернет страна на Универзитетот:
www.esra.com.mk / www.efta.edu.mk
0 Comments

Филмски проекции за средношколци

8/4/2016

0 Comments

 
Универзитетот за аудиовизуелни уметности, во соработка со Кинотеката на Македонија организира бесплатни проекции за средношколци. Проекциите ќе се одвиваат два пати неделно, во понеделник и среда во терминот од 12:30 часот.
По секоја пројекција, за значењето и естетиката на филмскиот медиум ќе говорат проф. Стефан Сидовски и проф. Радомир Поповски, по што ќе следува отворена дискусија.

Програма:
  1. С. Кјубрик - 2001 Одисеја во вселена (2001 Space Odyssey, 1968), дата: 11.04.2016
  2. Ж. Л. Годар – Без здив (Breathless, 1960), дата: 13.04.2016
  3. Обожение (Дипломски филм на К. Каракаш и С. Подлешанов), дата: 18.04.2016
  4. Проекција на студентски филмови , дата: 20.04.2016 
  5. К. Кишловски - Краток филм за убивство (A Short Film About Killing, 1988), дата: 02.05.2016
  6. А. Звјагинцев - Вракјање (The Return, 2003), дата: 04.05.2016 

За дополнителни информации:
+389 78 318 089; +389 78 814 817
http://www.esra.com.mk/
0 Comments

Посета на Бојана Филм

4/4/2016

0 Comments

 
Минатата недела (на 31 март), група студенти и професори на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, беше во посета на студиото Бојана Филм, во Софија, Р. Бугарија. Во прилог следат повеќе фотографии од посетата.
0 Comments

6то издание на Филозофскиот Филмски Фестивал

29/3/2016

0 Comments

 
Picture
Од 7 до 9 април 2016 во Кинотеката на Македонија ќе се одржи шестото издание на Филозофскиот Филмски Фестивал. Во рамките на Главната програма на Фестивалот предвидени се три проекции на филмови, излагања на тема со еминентни професори по филозофија од Македонија, и секако отворени дискусии со публиката. Исто така, оваа година како дел од Придружната програма на Фестивалот во изминативе два месеци беа организирани два специјални настани за учениците од средните училишта и за студентите од Филозофскиот факултет во Скопје. За време на Фестивалот, на свечен настан, ќе бидат прогласени победниците на Конкурсите, на кои ќе им бидат доделени награди.
  • ЛИНК ЗА ГЛАВНАТА ПРОГРАМА
  • ЛИНК ЗА ПРИДРУЖНАТА ПРОГРАМА
  • ЛИНК ЗА FB EVENT

0 Comments

ОБУКИ ЗА АПЛИКАТИВНА МУЗИКА И МУЗИКОТЕРАПИЈА

24/2/2016

0 Comments

 
Picture
УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ ОРГАНИЗИРА
ОБУКИ ЗА АПЛИКАТИВНА МУЗИКА И МУЗИКОТЕРАПИЈА
 
Обуките нудат нов концепт на специјализирано образование за возрасни со примена на најнови истражувачки искуства во психологијата на музиката и музикотерапијата во концептот на применетата музика и искористувањето на музичките искуства во немузички цели. Обуката е наменета за сите заинтересирани, чиј профил на образование е од областа на образованието, медицината, психологијата, дефектологијатa, музичката уметност, драмската уметност и ликовната уметност. Изведбата на обуките ќе се одвива во формат на обучувачка работилница, со тематски модули, чиј број, зависи од нивото на обуката.
 
  • Прво ниво (основно):
Услов за посетување:
Завршен V, VI или VII степен на образование од наведените профили.
Временска рамка за изведба на обуката:
еден месец, со вкупно 8 часа (еднаш седмично во блок од 2 часа)
Цена: 50 евра, во денарска против вредност
 
  • Второ ниво (напредно):
Услов за посетување:
Завршен V, VI или VII степен на образование од наведените профили.
Временска рамка за изведба на обуката:
3 месеци, со вкупно 24 часа (еднаш седмично во блок од 2 часа)
Цена: 150 евра, во денарска против вредност
 
  • Трето ниво (завршно):
Услов за посетување:
Завршен VI или VII степен на образование од наведените профили.
Временска рамка за изведба на обуката:
6 месеци, со вкупно 48 часа (еднаш седмично во блок од 2 часа)
Цена: 300 евра, во денарска против вредност
0 Comments

Париз го чествува Чинго

23/2/2016

0 Comments

 
Picture
На 24 февруари, во една од најстарите образовни институции на СОРБОНА, Институтот за ориентални јазици и цивилизации, ќе се одржи симпозиум посветен на големото име на македонската кнжевност на интернационален план, Живко Чинго (1935-1987). Воведно обраќање на симпозиумот ќе има Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш, а по повод второто издание на култниот роман “Големата вода”, кој го објави издавачката куќа Le nouvel Attila, а во превод на Марија Бежановска.
На симпозиумот исто така учествуваат поголем број на имиња од издавачкиот и книжевен свет на Франција, во организација на професорката Фроса Бушро, шеф на катедрата по Македонски студии во Париз.
По симпозиумот, во големиот аудиториум на ИНАЛКО ексклузивно ќе биде прикажан играниот филм “Големата вода”, во режија на Иво Трајков.
0 Comments

Промоција на драмите на Јордан Плевнеш во МНТ

20/1/2016

0 Comments

 
Picture
Во Македонскиот народен театар на 21 јануари 2016, со почеток во 20 часот, непосредно пред почетокот на изведбата на претставата „Вечната куќа“, ќе биде промовирано изданието на собраните драми на Јордан Плевнеш, коишто се играни во повеќе европски и светски земји. Ексклузивната книга е во издание на Македонскиот народен театар.
Приредувач е д-р Јелена Лужина, а присутните со пригодна реч, во присуство на авторот Јордан Плевнеш, ќе ги поздрави добитникот на наградата за хуманизам 2016, хрватскиот академик Дарко Гашпаровиќ.

0 Comments

Премиера на филмот "Обожение"

12/1/2016

0 Comments

 
Picture
"Обожение" е дипломски филм на студентите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.
Премиерата е дел од програмата на роденденот на МКЦ на 16 Јануари, со почеток во 20.00 часот, во Кино Фросина. Влезот е слободен. По завршувањето на премиерата следува концерт во салата 25 Мај на 13 македонски бенда "ОД ДРУГАТА СТРАНА" кои го слават делото на "Падот на Византија".
Филмот “Обожение” е реализиран во форма на триптих, составен е од деловите Катарза, Созерцание и Воздигање. Во него се следат приказните на ликови кои борејќи се со егзистенцијата ја оживуваат изгубената духовност во нив и луѓето околу нив.
Покрај Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов кои ги потпишуваат режијата и сценариото на филмот, останатиот дел од екипата го сочинуваат директорите на фотографија Влатко Џикоски и Панче Пренџов, а автор на музиката е Горан Трајкоски. Актерската екипа е составена од Петар Горко, Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Катерина Аневска, Митко Апостоловски, Соња Михајлова, Владимир Ѓорѓијоски, Милан Секулоски, Михајло Миленкоски, Димитар Црцороски, Марио Марковски.

0 Comments

Новогодишен концерт на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, 30.12.2015, од 12.00

29/12/2015

0 Comments

 
Picture
0 Comments

Бесплатна обука за млади креативци

21/12/2015

0 Comments

 
Picture
Дали си на возраст од 21 до 30 години, зборуваш англиски и имаш почетна креативна идеја за бизнис? Дали планираш да регистрираш или штотуку си почнал со креативен стартап? Пријави се на уникатна практична обука за претприемништво и запознај се со истомисленици од целиот регион. Добиваш шанса твојата бизнис идеја да те однесе до Лондон!
Канцеларијата на Британскиот совет објави повик за бесплатна обука на млади креативци кои сакаат да развивајат сопствен бизнис во рамките на нивните дејности.
Може да се пријават кандидати од различни области како што се дизајнери, музичари, филмаџии, сниматели, тонци итн, кои сметаат дека имаат недостиг од деловни вештини за да ја развијат или реализираат својата идеја. Оценките од сите досегашни учесниците што ја поминале обуката се пофални, а што е највашно истата им помогнала да согледаат дали она со што сакаат да да се занимаваат може да има конкретна економска придобивка во нивната идна работа. Потребните информации за пријавувањето може да се најдат на следните линкови: Линк 1 и Линк 2
Рокот за пријавување е 31 декември 2015, а обуката ќе се одржи во Скопје од 18 до 23 јануари 2015. Сите трошоци за учество се покритени од организаторот.
0 Comments

Конкурс за изработка на краток филм на тема “Женски права”

11/12/2015

0 Comments

 
Picture
Универзитетот за аудиовизуелни уметности и првиот македонски дневен весник “Нова Македонија” распишуваат КОНКУРС за изработка на краток филм на тема “Женски права”.
На конкурсот може да се јават автори на возраст од 15 до 35 години. Конкурсот трае до 10 Февруари 2015.
На Конкурсот може да се испратат кратки филмови со времетраење до 5 минути и не поголеми од 2GB.
Нема ограничување во однос на техниката на снимање и жанрот на филмовите.
Сите пристигнати филмови во периодот од 15 до 29 Февруари, ќе бидат постирани на YouTube каналот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, а филмот со најмногу лајкови ќе ја добие наградата од публиката.
Стручно жири на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и Нова Македонија, ќе направи селекција од 15 најдобри филмови ќе биде прикажана во рамките на седмото издание на фестивалот Вечери на женски права, кое ќе се одржи од 6 до 8 март 2016 година. Авторите на 15-те селектирани филмови ќе добијат право на 50% попуст при упис на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.
Најдобриот филм според стручното жири ќе биде прикажан и на фестивалот на Југо-источна Европа во Париз, во периодот од 1 до 5 Јуни 2016, а најдобриот филм според публиката ќе биде прикажан на фестивалот на Југо-источна Европа во Берлин во периодот од 26 до 29 Мај 2016 (www.seeaparis.com).
Авторите на најдобриот филм според стручното жири и најдобриот филм според публиката ќе бидат гости на фестивалите во Париз и Берлин.
Филмовите треба да се праќаат преку WeTransfer на следната маил адреса:
produkcija@esra.com.mk

0 Comments

Докторат за македонските медиуми на Сорбона

9/12/2015

0 Comments

 
Picture
Во свечената сала за докторски дисертации на Институтот Пантеон - АСАС кој е дел на Париската Сорбона, на 08 Декември 2015 година, скопјанката Ангелина Ајаноска со највисока оценка ја одбрани докторската дисертација “Македонскиот медиумски пејзаж”, плод на нејзината шест годишна интензивна научно-истражувачка дејност.
Во тезата се опфатени првите македонски весници во преродбата од почетокот на XIX век, печатени во различни балкански центри, како и весниците на македонската интелигенција во светските центри во Париз, Санкт Петерсбург, Женева и Лондон, со посебен акцент во периодот меѓу двете светски војни. Тезата продолжува со круната на асномска Македонија и првиот број на Нова Македонија во 1944 година и понатаму,  од 1991 година по осамостојувањето на Македонија, првиот дневен весник “Република”, како и сите македонски медиуми кои излегуваат на сите јазици во Мaкедонија, правејќи една европска лабораторија на културната и информатичката коегзистенција.
Ментор на нејзината теза е професор Фабрис Далмеида, автор на научните бестселери за медиумите како: “Сликите на пропагандата”, “Манипулација”, “Историја на медиумите во Франција” и други. Претседател на комисијата е Валери Древилар, а посебно признание кон високо образовниот систем на Република Македонија е тоа што како член на комисијата и главен автор на академскиот извештај учевствуваше и Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш.
Комисијата во својата оценка го предложи докторатот за објавување кај европските и македонските издавачи, за да се запознаат со идентитетот на македонскиот народ, за кој доајенот на француската поезија и журнализам Пјер Беарн рече: “На Македонија и нејзиниот народ најпосле родени од Европа”.

Picture
0 Comments

Реализација на втората етапа од проектот "Европа овде - Европа таму"

4/12/2015

0 Comments

 
Picture
Во рамките на програмата за културна соработка помеѓу Република Македонија и Долна Нормандија, студенти од различни катедри на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Театарска и Танцова  Академија, во периодот помеѓу 1 и 6 Декември, се присутни во поголем број на културни институции во Нормандија.
Студентите по фотографија од класата на проф. Роберт Јанкуловски заедно со нивните колеги од "Куќата на аудио-визуелните уметности" од Нормандија приредија изложба во Градската Библиотека во Каен која значи поглед на  денешната млада генерација во Франција и Македонија на  100-годишнината од 1 Светска војна.
Студентите по актерска игра од класата на проф. Рубенс Муратовски приредија музичко-поетски спектакл во театарот "Хипоком" во Каен, инспирирани од творештвото на македонските писатели, посветено на 1 Светска војна.
Во антологискиот избор се застапени поетите Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Петре Андреевски, Јован Котески, Живко Чинго, Адем Гајтани и Хасан Мерџан.
Овој 3 годишен проект кој првата година се одвиваше на тема: фотографија , втората година на тема книжевност, третатата година  ќе биде посветен на француската и македонската кинематографија и нивната поврзаност со 1 Светска Војна .
Проектот се остварува со сесрдниот ангажман на Канцеларијата на АЛДА во Скопје, а автори на 3-годишниот проект се Константин Плевнеш и Илина Мангова.

0 Comments

Симпозиум на тема: “Женските права низ призмата на аудиовизуелните уметности во Југо-Источна Европа”

16/11/2015

 
Picture
Програма:

19 Ноември 2015, Кинотека на Македонија
18.00 - Отворање на конференцијата
18.30 - Проекција на документарниот филм
            “Цената на сексот”, реж. Мими Чакарова, Бугарија
19.30 - Коктел

20 Ноември, Универзитет за аудиовизуелни уметности
11.00 - Симпозиум: “Женските права низ призмата на
             аудиовизуелните уметности во Југо-Источна Европа”
14.00 - Пауза
16.00 - Работилница со Весна Дамчевска (новинар во Нова Македонија):
            “Од собата до Холивуд – Сликата на жената уметник
             во биографскиот филм”
18.00 - Проекција на документарен филм (Кинотека на Македонија)
            “Кисмет”, реж. Нина Мариа Паскалиду

21 Ноември, Универзитет за аудиовизуелни уметности
11.00 - Симпозиум: “Женските права низ призмата на
             аудиовизуелните уметности во Југо-Источна Европа”
14.00 - Пауза
16.00 - Работилница со Марија Џиџева (филмски режисер):
            “Женското филмско писмо во Југо-Источна Европа”
18.00 - Проекција на документарен филм (Кинотека на Македонија)
            “Барајќи си ја среќата”, реж. Марија Џиџева

Студентот Зоран Шеќеров со прва награда на конкурсот "Млади уметници"

12/11/2015

0 Comments

 
Студентот Зоран Шекеров со прва награда на конкурсот за „Млади Уметници“ Во просториите на Националната галерија „Мала станица“, вчера се одржа вториот по ред конкурс за „Млади уметници“ организиран од страна на Агенцијата за млади и спорт. Студентот по фотографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Есра, Зоран Шекеров, освои прва награда во вредност од 40.000 денари со фотографијата „Говор на тело“. Оваа година, за разлика од претходната, конкуренција беше значително подобра, со пристигнати повеќе од 150 дела во пет различни дисциплини и тоа сликарство, графика, скулптура, фотографија и графички дизајн, а првонаградените дела кои беа избрани од страна на стручното жири, се прогласени за најдобри во своите дисциплини заради искучителната уметничка работа, која вклучува елементи на експериментални и истражувачки приоди кон делото, внимателен и добро оформен концепт и иновативност во пристапот и имплементацијата.Изложбата ќе биде отворена до 20-ти ноември.
Повеќе информации за работата на Зоран Шеќеров, може да се најдат на неговата веб страна
www.zoransekerov.com
0 Comments

Награда за Мето Јовановски во Црногорско Нарoдно Позориште

3/11/2015

0 Comments

 
Picture
Вчера во Црногорскот народно позориштево Подгорица
ГОЛЕМА НАГРАДА ЗА ВЕЛИКАНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР И ФИЛМ МЕТО ЈОВАНОСКИ
 
Култниот македонски актер Мето Јовановски  кој неодамна беше прогласен за Doctor Honora Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, наредувајќи се на тој начин на врвот на светската театарска и филкмска уметност, вчераво престолнината на Црна Гора се стекна со уште едно високо меѓународно признание од редицата награди  од различни светски центри.  
Мето Јовановски е добитник на „Големата награда“ на Црногорското народно позориштеза најзначаен уметнички резултат остварен на сцената на овој театар за 2015 година. Наградата свечено  му беше врачена во рамите на Денот на народото позориште, а  Одлуката на Советот на театарот предизвика овации меѓу присутните какви што одамна не се паметат во вакви пригоди во оваа средина, јавуваат црногорските медиуми.
Од оваа учебна година Мето Јовановски е професор по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни метности во Скопје со што за првпат, овој меѓународно афирмиран уметник, водејќисвоја класа ќе ги пренесе своите знаењана идните поколенија.
Мето Јовановски припаѓа на екипата од соништа на најголеми актери на просторот што некогаш го нарекувавме Југославија. Сега е театарски и филмски актер кој не признава никакви граници.Црногорското народнопозориште имаше чест Мето Јовановски двапати да заигра на неговата сцена и тоа во две големи и значајни престави. Во 2001 година играше во „Малограѓани“ од Максим Горки во режија на Паоло Маѓели  и улогата на Василиј Василијевиќ му донесе статус на почесен член на ЦНП. Во изминатата сезона Мето Јовановски го играше Василиј во „Урнебесна трагедија“ од Душан Ковачевиќ во режија на Вељко Миќуновиќ. Василиј на Мето е создаден од контрапункт, движејќи се од чемер до смеа и назад притоапронаоѓајќи ги сите валери на сложениот ракопис на Ковачевиќ и иноватнивниот режисерски зафатна Вељко Миќуновиќ. Но, сепак, ликот  е само и исклучиво креативна сопственост на Мето  Јовановски.Тој игра на начин кој ги брише границите помеѓу театарот и животот што можат да го прават само големи мајстори.  Мето со својот актерски и човечки хабитус е мајстор- се вели во одлуката за наградата.

0 Comments

Гостување на францускиот театар Ефемерид во Македонија

19/10/2015

0 Comments

 
Picture
Во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Драмскиот театар и Народниот театар од Битола, Македонија ќе биде дел од европската турнеја на театарот Ефемерид кој токму кај нас ќе ја има праизведбата на драмата “Исповед на една мазохистка”, чиј автор е едно од најголемите имиња на чешката драматургија Роман Сикора. Драмата “Исповед на една мазохистка” е една потресна симболичка и социјална слика на апсурдот во пост-комунистичката епоха на Европа и претставува сјајна драматуршка иновација која ќе је плени македонската публика.
Претставата ќе биде изведена на 21 Октомври 2015 на Малата сцена на Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20.00 часот, а на 24 Октомври, со почеток во 20.00 часот, претставата ќе има и своја изведба во Народниот театар во Битола.
Во претставата настапуваат актерките Јана Клејн и Наташа Машкевич, а режисер на претставата е Патрик Вершурен од Франција, чија што длабока поврзаност со Македонија и балканските драматургии трае речиси две децении. Своевремено во Драмскиот театар во Скопје тој ја постави драмата “Европа” од Ромен Гари и Рене Калиски и добитник е на високото француско признание Шарл Дулен за Балканската трилогија - “Гробница за Борис Давидовиќ” од Данило Киш, “Казна за Малвина” од Мирко Ковач и “Среќата е нова идеја во Европа” од Јордан Плевнеш, која беше играна во 120 театри низ цела Франција.
За време на престојот, режисерот Вершурен на 22 Октомври ќе одржи работилница на Универзитетот за аудиовизуелни уметности со студентите од класата по актерска игра на професорот Мето Јовановски, кои што кон средината на следната година ќе гостуваат на Универзитетот во Арас, Франција.

0 Comments

Универзитетот за аудиовизуелни уметности со три награди на фестивалот "Арт Амфора" во Варна, Бугарија

28/9/2015

0 Comments

 
Picture
​На престижниот меѓународен фестивал "Арт Амфора" кој по 15-ти пат се одржа во Варна, Бугарија од 24 до 27 Септември 2015, а третира телевизиски и филмски програми работени за деца и младинци, Универзитетот за аудиовизуелни уметности доби три награди. 
Имено документарниот филм "Досие НЛО" работен по сценарио и режија на Ирена Каровска доби специјална награда, награда за камера му беше доделана на Александар Терпини за документарниот филм "Рокументарец", а посебно изненадување за жири комисијата предизвика документарниот филм "Заборавените" на Константин Плевнеш, кој доби "Гранд при".
Со овие три меѓународни признанија, Универзитетот за аудиовизуелни уметности уште еднаш ја потврди успешноста на својата мисија во едукацијата на високо квалитетни кадри во областа на аудиовизуелните уметности.

0 Comments

Презентација на тема: "Историја на фотографијата, преку збирките на фотографската фондација М+М Оер".

25/9/2015

0 Comments

 
Picture
Македонскиот центар за фотографија, Кинотеката на Македонија и Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје Ве покануваат на презентацијата на тема: 
Историја на фотографијата, преку збирките на фотографската фондација М+М Оер“.
Фотографското богатство на Фондацијата ќе го презентира основачот Г-дин Мишел Оер. Презентацијата ќе се одржи во Галеријата на Кинотека на Македонија, 30.09.2015 (среда) во 19 часот.
Фотографската фондација М+М Оер е основана во 2009 година со цел да се заштитат и промовираат постојаните збирки како и да се надополнат со нови фотографски дела. Преку организирање на изложби на млади но и неправедно заборавени фотографи секојдневно ја надополнуваат меѓународната фотографска енциклопедија. Нивните публикации, како и организирањето на разни работилници, предавања, семинари придонесуваат во разбирањето на фотографијата како медиум за креативно изразување.
Во фотографската ризница на фондацијата Оер се наоѓаат преку 50 000 оригинални  фотографии кои потекнуваат од самиот почеток на фотографијата (1839) до денешен ден како и повеќе од 21 000 фотографски книги и преку 500 стари фотографски камери. 

www.auerphoto.com / За повеќе информации: robert.jankuloski@gmail.com

0 Comments

НОВА ПОСТАНОВКА НА „ЕРИГОН“ ОД ПЛЕВНЕШ ВО РЕЖИЈА НА ЈАНИ БОЈАЏИ 

25/9/2015

0 Comments

 
Picture
Драмски театар Скопје на 24 Септември премиерно ќе ја изведе претставата „Еригон“ од Јордан Плевнеш во режија на Јани Бојаџи, праизведена во 1982 година во режија на Љубиша Геогриевски.
Уметничкиот директор на ДТС Рубенс Муратовски на прес-конференција рече дека е храброст да се обнови претстава која била култна како што „Еригон“ била пред 33 години кога ги освоила наградите на најголемите фестивали во регионот, на Стериино позорје во Нови Сад, МЕСС во Сараево и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.  
- Во 1982 Плевнеш и Георгиевски се прашале дали и колку е естетски чин да се биде Македонец. Тоа се прашуваат генерации потоа, рече Муратовски.
Режисерот Бојаџи истакна дека „Еригон“ му била една од детските мечти, а кога пред 14 години почнал да се занимава со театар му била една од трите сценски предизвици, покрај „Тетовирани души“ и „Вејка на ветрот“. 
- Жал ми е што не се променио ништо за овие 40 години. Тогаш ова било направено со огромна страст и со една единствена намера нешто да се промени, и по толку време не се променило ништо. Јас сум прва генерација Македонец роден во Републиката и исклучително ми е непријатно чувството кога треба да го живеам животот на мојот дедо. За жал, тоа е вистината. Четириесет години подоцна се зафативме да се обидеме да допреме до тоа што Плевнеш, Георгиевски, Петар Темелковски, Мето Јовановски... го отвориле тогаш, рече Бојаџи.
За да го постави повторно текстот на Плевнеш  бил воден од идејата за општествена одговорност на театарот и од идејата на Љубиша Георгиевски во книгата  „Антологија на театарот“ дека „театарот е јавен чин, а со тоа и политички пар екселанс“.
- Ако сакаме како уметници да бидеме општествено одговорни и да си го оправдаме скапиот леб кој овој народ во овие исклучително сериозни времиња го одвојува за нас, за ние да правиме театар, тогаш јас лично и моите соработници не сакавме да се занимаваме со личните фрустрации и со сопствениот ескапизам. За жал, реалната култура и уметност во Македонија во последните 15 години е претворена во лечилиште за личните фрустрации на авторите. Се обидовме да бидеме јасни, точни, едноставни и прецизни, да се занимаваме со проблеми кои зборуваат за овој народ, за оваа земја, не со претензии дека ќе ги решиме, туку со идеја дека 40 години по праизведбата повторно ќе ги преотвориме, додаде Бојаџи. 
Насловната улога овојпат ја игра актерот Игор Стојчевски кој во претходната постановка на „Еригон“, во 1999 година, бил статист додека бил студент во класата на Владе Цветановски кој тогаш ја режирал оваа претстава. - Исклучително тешка материја, горлива тема и горчливи прашања кои ги поставуваме, рече Стојчевски. 
Во актерската екипа се и актери на ДТС и студенти на Универзитетот ЕСРА: Роберт Вељановски, Гордана Ендровска, Кристијан Светиев, Христијан Поп Симонов, Миа Кантарџиева, Марина Поп Панкова, Соња Стамболџиоска, Дритон Вејсели, Ирена Илиевска, Александар Степанулески, Анастас Тановски, Благица Димитровска, Александра Павлова, Ѓорѓи Тодоровски (кој играл и во праизведбата во 1982), Едмонд Сотир, како и Петар Темелковски и Милица Стојанова кои се појавуваат на видео. Сценограф на претставата е Владо Ѓоревски, костимограф Невенка Тасева-Петровиќ, музиката е на Горан Трајковски. 

Превземено од Утрински Весник.

0 Comments

Премиера на филмот "Детето во светот" на Манаки

22/9/2015

0 Comments

 
Picture
Ве покануваме на официјалната премиера на документарниот филм за Љубе Цветановски која ќе се случи во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера "Браќа Манаки" во Битола. 
Петок 25 Септември, почеток во 19 часот, Народен театар - Битола,
0 Comments

Прв академски час на Универзитетот за аудиовизуелни уметности

18/9/2015

0 Comments

 
Прилог на Backstage од првиот академски час на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.
Сите заинтересирани кандидати ги потесетуваме дека уписите за додипломски студии траат до 1 Октомври 2015, а за постдипломски до 1 Ноември 2015.
0 Comments

На 15 Септември почнува новата академска година на Универзитетот за аудиовизуелни уметности

10/9/2015

0 Comments

 
Picture
По повод почетокот на новата академска година, имаме чест да Ве поканиме на првиот учебен ден на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, кој ќе се одржи на 15 Септември 2015, со почеток во 11.00 часот, во просториите на нашиот Универзитет.
Во рамките на свечената церемонија ќе бидат доделени индексите на новозапишаните студенти, а своите дипломи ќе ги добијат завршените студенти на додипломските и постдипломските студии.
Покрај ова церемонијата ќе биде збогатена и со прогласување на легендарното име на македонскиот театар и филм Мето Јовановски за Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, кој оваа година ќе ја предводи новата класа на актери.
Во присуство на Г-динот Ив Робер од асоцијацијата Europa Piano Program ќе биде презентиран меѓународниот проект “Europa Piano Program 2015-2020”, чиј носител ќе биде нашиот Универзитетот, а во кој што ќе бидат вклучени Македонија, Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Турција и Полска.
Од оваа година нашиот Универзитет ја воведува наградата “Љубе Цветановски” која традиционално секој 15 Септември ќе им се доделува на истакнати автори на документарен филм.

Воедно ги информираме сите заинтересирани студенти дека уписот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности трае до 1-ви Октомври 2015.

0 Comments

ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА МАКЕДОНСКAТА КИНЕМАТОГРАФИЈА

9/9/2015

0 Comments

 
Picture
ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА ВО РАМКИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ БРАЌА МАНАКИ НА ТЕМА „ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА МАКЕДОНСКAТА КИНЕМАТОГРАФИЈА“: ЕСТЕТСКИ И АФИРМАТИВНИ РЕФЛЕКСИИ НА ФИЛМСКАТА ПРОДУКЦИЈА ВО ЧЕТВРТ ВЕК 
22 септември, 13.30 часот, Мала сала, Центар за култура Битола 

Автор на истражувањето е Ана Василевска, магистрант на Катедрата за филмска и тв-режија на Универзитетот за аудиовизуелна уметност-ЕСРА, во соработка со Институтот за аудиовизуелни уметности при истоимениот универзитет. 

Еволуцијата на македонскиот долгометражен игран филм во периодот од осамостојувањето на државата до денес, процесот на нови креативни и продукциски визии се теми на повеќегодишно истражување сублимирано во еден сѐ уште отворен текст што се подготвува да биде публикуван идната година, кога и официјално земјата ќе бележи две и пол децении постоење.

Како и сите пори на општественото живеење и филмот се најде затекнат од транзицијата и новата политичка клима, па, до денес авторите и нивните дела пребаруваат форми за успешно функционирање. Секако, се испиша една нова филмска историја која без сомнеж е автентична во глобални рамки. На патот до заземање на значајно место во европската кинематографија, македонската кинематографија наидува на замки кои треба да се детектираат и отстранат, а успешните модели да се истакнат и афирмираат.
Целта на оваа панел-сесија е да се изложат дел од заклучоците од ова истражување; секое мислење и дискусија ќе биде скапоцено за дооформување на овој текст што ќе биде корисен за сите поклоници на македонската седма уметност, и ќе остане како значајна биографија на филмот во чувствителен и интигрантен историски период. Во подготовка е и документарен филм што ќе го следи концептот на овој текст. 


0 Comments

Овации за Кирил и Методи во Букурешт

3/9/2015

0 Comments

 
Picture
Европската праизведба на пиесата “Кирил и Методи who are you” од Јордан Плевнеш во режија на Марин Кочовски, а во изведба на Народниот театар од Прилеп во ко-продукција со Сфумато театарот од Софија, Киклос театарот од Солун и Нета (Новата театарска акција во Европа), синоќа беше изведена на Големата сцена на Националниот театар во Букурешт во рамките на Европскиот театарски фестивал и наиде на сјаен прием кај фестивалската публика која ја награди со долготрајни овации.
По самата претстава разговорите ги водеше Жорж Бану, професор на Сорбона и Претседател на Интернационалната асоцијација на театарски критичари (AICT). Г-динот Бану поздравувајќи ги присутните гости рече дека оваа престава е вистински драмски чин кој создава планетарна драма што за прв пат во историјата на светската драмаургија го третира прашањето дали е можна цивилизација на љубовта низ делото Св. Кирил и Методиј. Тој подвлече и дека Јордан Плевнеш со оваа драма го достигнува врвот на својата естетика, која е богатство не само за Македонија, туку и за Европа и Светот. Режијата на Мартин Кочовски беше оценета како револуционерно пледоаје кое од светот на Бертолд Брехт влегува со импозантна сила во светот на Плевнеш. Играта на актерите на прилепскиот театар и гостите од Бугарија и Грција, беше оценета како вистинска фасцинација и беа изречени суперлативи за истакнатиот актер Ѓорѓи Јолевски кој е носител на главната улога. Посебен акцент на храбриот спектакл даде легендата на романскиот теар Јон Карамитру, како и врвни книжевни имиња на Романија и гости од различни земји.
Амбасадорот на Република Македонија во Романија Панде Лазаревски, го оцени овој чин како историски настан и рече дека е најубавиот подарок за националниот празник 8 спетември - Денот на македонската независност, кој покажува дека со Кирил и Методи се освојува врвот на европската култура. Интернационалната Одисеја на претставата продолжува на Фестивалот Ристо Шишков во Струмица на 12 септември, а потоа и на фестивалот ExPonto во Словенија на 20 септември.

0 Comments
<<Previous
Forward>>

    КОНКУРС ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2018/2019

    ЦЕНОВНИК

    ДОКУМЕНТИ

    ​
    • Акредитација
    • Проект за 1 циклус
    • Проект за 2 циклус
    • Самоевалуација
    • Каталог МК
    • ESRA Catalog EN

    Интернационална соработка

    Picture

    Picture

    Picture

    Archives

    July 2020
    April 2020
    March 2020
    November 2019
    August 2019
    June 2019
    April 2019
    March 2019
    February 2019
    December 2018
    November 2018
    September 2018
    April 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    June 2017
    March 2017
    February 2017
    December 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014
    May 2014
    April 2014
    March 2014
    February 2014
    January 2014
    December 2013
    November 2013

    Categories

    All

    RSS Feed

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.