УНИВЕРЗИТЕТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
  • News
  • Македонски
    • За Нас
    • Факултети
    • Обраќање на Ректорот
    • Услови за студирање
    • Наставен кадар
    • Doctor Honoris Causa
    • Универзитетски билтен
    • ЕФА Продукција
  • English
    • About Us
    • Faculties
    • Rector's Address
    • Conditions
    • Professors
    • Doctor Honoris Causa
    • Professor Honoris Causa
  • Collaboration
  • Events
  • Gallery
    • Photo >
      • Inauguration
      • First generation
      • Play Beckett
      • Thierry Arbogast
      • Jiri Menzel
      • First class 2010/2011
      • Simposium Bouvier
      • Visit of Boyana Film
      • First class 2011/2012
      • Miki Manojlovic
      • Jean Claude Carriere
      • Abdulah Sidran
      • Radivojevic/Cvetkovic
      • Montenegro
      • First class 2012/2013
      • Golden Dedal 2012
      • Education fair 2012
      • First class 2013/2014
      • Aleksandar Morfov
      • Slavjanski
      • Education fair 2014
      • First class 2014/2015
    • Video >
      • Promotional videos
      • Student's works
  • Links
  • Contact

Свечена проекција на филмот „Со Љубов“ на Илија Цветковски

27/10/2017

0 Comments

 
Picture
По повод одбележувањето на исклучителниот успех што го постигна документарниот филм „Со Љубов“ на дипломираниот режисер на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Илија Цветковски во меѓународни рамки, нашиот универзитет организира свечена кино проекција во Кинотека на Македонија, на 30 октомври 2017 година, со почеток во 17:00 часот. После проекцијата ќе има отворена трибина каде што публиката ќе има можност директно да разговара со авторот на филмот. Влезот е слободен!   

0 Comments

ПРЕДАВАЊЕ НА ПРОФЕСОРОТ ДАЛМЕИДА ОД СОРБОНА

14/9/2017

0 Comments

 
Picture
0 Comments

ТЕРМИНИ ЗА ПРИЕМНИ ИСПИТИ

29/8/2017

0 Comments

 
Picture
Примните испити за кандиатите на додипломски студии на Универзитетот за аудиовизуелни уметности за првиот уписен рок ќе се одржат на 31 август во 10:00 часот, за катердрите: Анимација, Монтажа и Камера, за Звучен инжењеринг на 31 август во 16:00 часот, а на 1 септември во 11:00 часот за катедрите: Продукција, Театарска режија, Применета музика, Фотографија.
На 4 септември во 10:00 часот ќе се одржи приемниот испит за кандидатите на Актерска игра и Филмска режија.
Вториот уписен рок е во периодот од 11 до 15 септември.
Конкурсот за постдиплпомски студии на сценски и аудиковизуелни уметности е отворен до 15 октомври 2017.
Новина во овој уписен рок се стимулативните поволности и интерни стипендии за овие дефицитарни професии во образовниот систем во Македонија и регионот на Југоистолна Европа.

0 Comments

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН УСПЕХ НА МЛАДИОТ СИНЕАСТ ИЛИЈА ЦВЕТКОВСКИ

16/8/2017

0 Comments

 
Во екот на прославата на десетгодишнината на Универзитетот за аудиовизуелни уметности - Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија - Скопје, веќе неколку месеци македонската филмска јавност е сведок на неверојатниот успех на младиот македонски синеаст, дипломиран филмски режисер на нашиот универзитет Илија Цветковски, со неговиот документарен филм „Avec l'amour “. Филмот беше високо вреднуван на реномираните фестивали „Хот Докс“ во Торонто, на фестивалот за документарен филм во Минхен, и овие дена е во официјална конкуренција на Сараевскиот филмски фестивал. На 19 август во Куршумли Ан, во Скопје токму со филмот на Цветковски ќе биде свечено отворен годинешниот „Маке Докс“.
Со оглед на досегашната традиција на нашиот универзитет и поголем број на меѓународни признанија што наши студенти ги освоиле на различни фестивали, за играни, кратки, документарни и анимирани филмови, оваа година, непосредно пред првиот академски час, нашиот универзитет ќе организира специјална проекција на филмот на Цветковски, за кого дури и големиот Спилберг изјави дека е најдобриот документарец што го видел последниве години и дека заслужува да добие Оскар. По проекцијата Илија Цветковски ќе се одржи Отворена трибина и работилница, во која новите кандидати за запишување на нашиот универзитет ќе можат низ успехот на Цветковски да го трасираат патот до својот уметнички и професионален сон.
Нашиот универзитет нуди додипломски и постдипломски студии на 15 професии во сите области на аудиовизуелните и сценските уметности.

Конкурсот е отворен, запишете се креативно!

0 Comments

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА ФЕСТИВАЛИТЕ SEE a Berlin и SEE a Paris 2017

15/6/2017

0 Comments

 
Picture
Универзитетот за аудиовизуелни уметности, во рамките на своите активности и оваа година ги организираше фестивалите на кинематографиите на Југоисточна Европа во Берлин и Париз - SEE a Berlin и SEE a Paris.

Во големата сала на познатото берлинско кино „Бабилон“ заврши третото издание на Фестивалот   SEE a Berlin 2017. Интернационалното жири во состав: Манфред Ајхел – филмски критичар од Германија, Нела Луциќ актерка од Рим и Лоран Балаш Имре режисер од Унгарија ги додели следниве награди: Најдобра женска улога - Наташа Дорчиќ од Храватска за улогата во филмот „Ти ме носиш“, најдобра машка улога – Донат Ќосја од Косово за улогата во „Доме сладок доме“, Најдобра режија – Бујар Алимани од Албанија за филмот „Хром“, а  за најдобар филм  беше прогласен „Убијци на тркала“ од Унгарија.
Покрај ова беа доделени и наградите на интернационалното  младинско жири. За најдобар актер и актерка  беа прогласени Горан Хајдуковиќ и Лана Бариќ од хрватскиот филм „Ти ме носиш“, најдобра режија – Бујар Алимани за филмот „Хром“, а за најдобар филм беше прогласен „Доме сладок доме“ во косовско –македонска копродукција.
На отворањето, пред елитната гермаска и европска публика, во присуство на сите амбасадори на земјите од регионот, беа доделени наградите за животно дело:, „Europa Prima“ на Аделеид Фајке – главниот уредник за Балканот на Дојче Веле, а за „Личност на ЈИЕ“ (SEE Personality 2017) во доменот на европските интеграции на регионот беше прогласен академик Жан Митрев од Македонија. Во соработка со Универзитетот Хумболт од Берлин, се одржа голем научен симпозиум посветен на Балканот во европската културна меморија.

Македонскиот игран филм „Златната петорка“  на режисерот Горан Тренчовски, во конкуренција на филмови од 15 земји од регионот ја освои главната наградата за најдобар филм на седмото издание на фестивалот SEE a Paris 2017. Меѓународното жири со кое прецедаваше Макс Азуле, покрај тоа на македонскоиот филм му ја додели наградата и за најдобра монтажа на  Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, додека наградите за најдобри актерски остварувања им припаднаа на Јанис Станкоглу за улогата во грчкиот филм „Invisible“ и на Маргита Гошева од Бугарија за улогата во филмот „Слава“, додека косовско-македонската копродукција „Доме сладок доме“ се здоби со наградата за најдобро сценарио.
Освен тоа на свечената церемонија на затворањето на фестивалот која се одржа во парискиот Ле Палас во соработка со фестивалот „Балкан Трафик“, беа доделени и традиционалните награди за животни остварувања и исклучителен придонес во афирмацијата на кутурата на регионот.
Наградата SEE Actor 2017, му беше врачена на познатиот романски актер и режисер Јон Карамитру, од страна на прецедателот на Европската академија на науките уметностите и книжевностите Жан-Патрик Конрад, кој воедно ја додели и наградата SEE Personality 2017 на познатиот македонски бизнисмен и филанатроп Емил Угриновски.
За SEE Legend 2017 беше прогласен култниот белградски режисер Душан Макавејев, додека наградите Europa Prima им беа доделени на познатите публицисти од Париз, Доминик Долмие и Паскал Делпеш, како и на професорот Кристијан Фос од Универзитетот Хумболт од Берлин.
Освен тоа, на Универзитетот INALCO, се одржа и интернационалниот симпозиум на тема „Европеизација на Балканот или балканизација на Европа“, на кое зедоа учество полем број видни личности од француската и европската културна сцена, со што се комплетира богатата програма на  седмото изданиена фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа (SEE a Paris 2017) во Градот на светлината.


Picture
0 Comments

Мастер-клас на професорот Жан-Патрик Конрад

9/3/2017

0 Comments

 
Picture
Во рамките на неговата посета на Македонија, претседателот на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професор на Империал Колеџ од Лондон, одржа мастер-клас на темата „Шекспир и Европа - Да се биде или не!“ Предавањето, коешто беше дел од меѓународниот симпозиум, организиран по повод одбележувањето на десетгодишниот јубилеј на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, предизвика голем интерес. За да се излезе во пресрет на бројните прашања од  аудиторимот, на којшто не можеше да се одговори во зададениот временски период, професорот Конрад се сложи да одговори индивидуално на сите додатни прашања, по електронска пошта.  Во таа насока, сите прашања прашања поврзани со предавањето, чијашто презентација може да ја преземете од приложениот линк, можете да ги праќате на емејл адресата produkcija@esra.com.mk, назнака за Ж.П.Конрад.

Презентација - Жан-Патрик Конрад

   

0 Comments

Фото галерија од симпозиумот Хамлет и Европа - Да се биде или не!

22/2/2017

0 Comments

 
0 Comments

Интернационален симпозиум и работилница „Хамлет и Европа - Да се биде или не!“

17/2/2017

0 Comments

 
Picture
Picture
0 Comments

Критички осврт на кореодрамата ДЕНИЦИЈА - „Кој е човекот без сопствениот идентитет и својата татковина“

12/12/2016

0 Comments

 
Picture
Овој вреден естетско-уметнички труд на Константин Плевнеш ќе остави голема трага не само во македонската уметност и естетика, туку претставува и своевидно будење на македонскиот национален идентитет, затоа што уметноста е таа што го дава идентитетот на еден народ и на една нација, преку која тој станува препознатлив во светот. Овoj совршeн театарски сон не може да ве остави рамнодушен, туку напротив, ќе предизвика кај вас силни интензивни емоции за исконските прашања преку еден копнеж, за поубав и почовечен свет, свет на својата самостојност како што ќе забележи Константин Плевнеш - во вид на еден молотов коктел на љубовта, кој е клуч на секоја револуција. Затоа што оние што ја видоа светлината тие ја запознаа љубовта во духовното царство на нашето милје, кои понекогаш толку силно ја повикуваа уметноста за да се спасат од вистината.

На 4 декември вечерта пред преполнетата сала на Драмскиот театар во Скопје во продукција на Народниот театар од Охрид и театарот „Иси е ла“ од Париз, Франција се случи еден чудесен настан - класичната поема на Петре М. Андреевски и македонската модерна поезија беа претворени во театарски сон и визуелна кореодрама што ги брише границите на светската историја. Со „Дениција“, македонската амблематска поема, минуваат пред нашите очи незаборавни мигови од историската 1968 година кога се случуваат неверојатни настани, револуции, убиства, политички утопии и масакри на надежта. Во Македонија е создадена духовната основа на македонскиот национален идентитет преку стиховите што стануваат идентификација на сите поколенија во блиското минато и блиската иднина.

Кога ја љубев Дениција
Како да учествував во создавањето на првата македонска држава.

Лириката на Петре М. Андреевски во „Дениција“, се претвори во една несекојдневна естетска доживелица преку режисерската палка и оригиналниот приод визави сите клишеа на нашиот познат уметник и режисер - Константин Плевнеш. Овој татарски сон што не случајно се создава во овие мигови на современото македонско живеење е и своевидно потсетување - дека кај нас постојат уметници што ја чуваат „Дениција“ како наша оставина и завет за оние што доаѓаат. Страдалничкиот сјај на овој таинствен свет на македонската сага од една страна, и љубовта како наш категорички императив од друга страна, се испреплетуваат во моќен театарски сон, како надеж за еден поубав и почовечен свет, свет како пулсирачко ткиво на целовитоста на македонскиот национален идентитет. Додека некои денес сѐ уште го земаат оружјето в рака, како што вели младиот и талентиран режисер, другите ја земаат својата палка како млади водачи и револуционери на своето време и нѐ потсетуваат на Мартин Лутер Кинг кога велеше: „Имав еден сон“. Тој сон како љубовен занес го наоѓаме во кореодрамата за „Дениција“, зашто кои сме ние без љубовта? Кој е човекот без сопствениот идентитет и својата татковина? Kако ехо низ драмата постојано струи и прашањето: Која е трајната смисла на човечката опстојба? Навлегувајќи се подлабоко во светот на човекот, светот на уметноста, исто како и во драмата „Дениција“ имаме проблем на односот реално - идеално. Во таа релација љубовта кон Дениција живее во две димензии: раѓањето и смртта.

Трагиката во кореодрамата „Дениција“ не ја наоѓаме во самата смрт што ни е на секому од нас најдефинитивно дадена, туку во еден копнеж, копнеж за поубав и почовечен свет, свет на своја самостојност што е единствено возможен преку љубовта, зaшто без љубовта доаѓаме до она на што уште нѐ потсетува Хобс: „Војна на сите против сите“.
Театарскиот сон „Дениција“ е завршно целосно дејство што буди страв, жал и сочувство кога човекот станува свесен за неповторливоста на својот живот, но кога станува и свесен за себеси, за оние што ги сака и за онаму каде што тој живее.

Во тие драматични мигови на страв и трепет токму кога ние се идентификувавме со трагичниот јунак и неговата судбина, интензивно се соочуваме и со нашите најголеми стравови: губењето на љубовта од саканата личност или нејзината неминовна смрт. Токму во тој миг кореодрамата ќе изврши една беспрекорна трагична катарза преку љубовта како светлина (Дениција) помеѓу две темнини, онаа од која несфатливо како, но дојдовме, и онаа во која можеби и ќе заврши човекот ако никогаш не ја запознае. Кореодрамата „Дениција“ е склоп на повеќе уметнички техники каде што се испреплетуваат т.н. убави уметности меѓусебно дополнувајќи се во една целина на драмското дејствување преку: поезијата, филмот, сликарството, трагедијата, балетот.

Преку заводливите ритмичко-хармонични движења на балетот и впечатливата композиција што само ја интензивираше драмско-љубовна приказна за Дениција, нѐ стави во миговите на големото искушение на трагичниот јунак преку прашањето: Дали да ја напушти својата најголема љубов и да се предаде на надворешниот блескав сјај на онаа што го заведуваше, која за сигурно ќе го однесеше далеку од местото на љубовта, претворајќи го во вечен роб на надворешниот сјај на живеењето? Но, и тука победи љубовта, затоа што како што ќе забележи Петре М. Андреевски, Дениција, таа е наша учителка по дишење, без неа нема светлина ниту живот, без неа ќе се изгубиме како никогаш да не сме постоеле. Таа е онаа што доаѓа во најдлабоката темнина на човекот како најблескава ѕвезда со целиот свој сјај, во најтемната ноќ - и единствено ако се охрабриме да ја кренеме главата ќе можеме да ја доживееме во сета убавина, а таа убавина да ја чуваме за навек. Затоа што Дениција е нашата љубов, таа е и нашата болка, нашата судбина што ја носиме во себе како смрт и го најавуваме доаѓањето на идеалот. Низ таа љубов ние ги поставуваме оние вечни, перенијални, трансисториски прашања. Кој сум, каде сум, за што вреди да живеам, а за што да умрам?

„Дениција“, како што нѐ потсетува авторот, е онаа тишина во погледот, прстен што се става на раката, две рани што се прегрнуваат како завет среде срцето, онаа што можеби ќе нѐ надживее. Кореодрамата Дениција е и барањето на светлината во овој овоземски свет, онаа што топи снегови во движење, онаа што има моќ да го бакне металот и громот едновремено. Дениција, е и онаа за која дојдовме на земјата да ја чуваме, затоа што ништо не беше поприсутно од нејзината отсутност. Дениција е онаа љубов кога телото станува непотребно, а остануваше само душата како песна на славејот, која ги спојуваше небото и земјата.

Дениција за која не ќе можевме да умреме ако никогаш не се родеше. Дениција е и метафора на совршена женска убавина што по својата диферентиа специфика ги подразбира љубовта и страдањето, онаа што постои во секоја клетка на нашето битие, која ја носиме во себе сѐ до нашата смрт како божествениот дух во себе и надвор од себе таму каде што повторно ќе ја најдеме. Сите овие духовни превирања внатре во нас не ќе можеа да се остварат без маестралната игра на првенецот на Драмски театар, Рубенс Муратовски како Петре М. Андреевски, вистинското откровение на младата актерка Димитрина Мицкоска како Дениција и разорно убавата кореографија на Саша Ефтимова од МОБ, која ја возбуди до солзи публиката, а која играше на музиката на Стравински и на оригиналните композиции на Константин Плевнеш. Посебно треба да се истакне фасцинантната сценографија на интернационалниот мајстор Валентин Светозарев, сликите на тема „Дениција“ од Сергеј Андреевски, синот на Петре М. Андреевски, кој ја гради својата кариера по сите меридијани не заборавајќи го своето родно село Слоештица, костимографката Марија Пупучевска, која втиснува прекрасен печат, како и видеоартот на Милчо Узунов, кој се слеваше во единство што успева да ви го откорне срцето.
Посебно треба да се истакне екипата на Народниот театар од Охрид на чело со директорот Горан Стојановски и присуството на Флоријан Габер од Париз, која е копродуцентка на претставата и промовирањето на „Дениција“ во европските метрополи.

д-р Мимоза Рајл

0 Comments

ДЕНИЦИЈА, ТЕАТАРСКО-ПОЕТСКИ СОН НА КОНСТАНТИН ПЛЕВНЕШ

6/12/2016

0 Comments

 
Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз, Франција, на 4 декември, во Драмски театар во Скопје, се одржа светската премиера на драмската презентација на историската поема  „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.
Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е воедно автор на оригиналната музика, во улогата на Петре М. Андреевски настапува првенецот на Драмскиот театар Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција, младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Марија Пупучевска,  видео-арт Милчо Узунов, додека уметнички советник е Флориан Габер. Во рамките на претставата користени се и 5 слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“.
Интересно е да се одбележи дека претставата е во копродукција со парискиот театар  „Ici et la“, со оглед на фактот што поезијата на Петре М. Андреевски е преведена на француски, предвиден е и настап во повеќе европски метрополи.
После успехот на премиерата во Драмски Театар - Скопје, следуваат изведиби на Дениција на 17 декември во Охрид и на 21 декември Штип, во рамките на фестивалот Ацо Шопов.
0 Comments

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО НАЦИОНАЛНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ФИЛМ И ТЕАТАР „ЈОН ЛУКА КАРАЃЕЛЕ“ ОД БУКУРЕШТ 

25/10/2016

0 Comments

 
Picture
Денес во Букурешт, во ректоратот на Националниот универзитет за филм и театар Јон Лука Караѓеле се потпиша меморандум за соработка во аудиовизуелните уметности помеѓу ректорот  Николае Мандеа и ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска, Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје, Јордан Плевнеш. Во присуство на Неговата екселенција , амбасадорот на Република Македонија во Романија Панде Лазаревски, беа отворени поголем број перспективи за соработка во аудиовизуелниот сектор (филм, театар, применета музика и тн.), кои ќе започнат со реализација уште оваа година. Исто така, договорена и размена на студенти и професори од обата универзитети, како и соработка на филмските фестивали на Југоисточна Европа во Париз и Берлин SEE a Paris и SEEFF a Beriln, каде што на Националниот универзитет за филм и театар од Букурешт станува партнер на Универзитетот ЕФТА - Скопје.
Ректорот Мандеа ја лансира идејата за интернационално стручно списание за аудиовизуелните уметности со импакт фактор, кое ќе биде наменето првенствено за едукацијата и креативното остварување на уметниците од Југоисточна Европа.
Се очекува наскоро ректорот Мандеа да ја посети Македонија во функција на остварување на зацртаните приоритети во меморандумот.


0 Comments

Врачена наградата „Клучевите на Преспа 2016“

19/10/2016

0 Comments

 
Во рамките на интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, кој се организира од страна на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕФТА – Скопје и Општина Ресен, традиционално се доделува наградата „Клучевите на Преспа“ за  научни достигнувања и трудови, кои се референтни за преспанскиот регион. Минатата година добитници на оваа награда беа Гзавиер Боне од Франција и академик Вера Битракова од Македонија.
Овогодинешни добитници на наградата „Клучевите на Преспа“ се академик Владо Матевски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје и потпретседател на МАНУ, и д-р Андраж Чарни, предавач и стручен соработник на Словенечката академија на науки и уметности. Наградата им се доделува за нивниот особен придонес во  проучувањето на флората во Македонија, и особено за уникатната флора на планината Галичица, кое што публикувано во бројни научни публикации.  Со тоа не само што  ја збогатија сферата на своето специфично научно делување,  туку  и посредно го афирмираа и преспанскиот регион во еден поширок контекст.
Наградата на д-р Андраж Черни му беше врачена на 18.10.2016 г., во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА, Скопје, од страна на градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски, во присусво на истакнати личности од академскиот и општествениот живот на Р. Македонија. Воедно, во истата прилика од страна на градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕФТА - Скопје му додели специјално признание за културна промоција на општината. Признанието во име на Универзитетот го прими професорот Мето Јовановски. 

0 Comments

ПРОГЛАСУВАЊЕ НА САМУЕЛ ВУЕРСТЕН ЗА ПОЧЕСЕН ДОКТОР 

18/10/2016

0 Comments

 
Picture
На 20.10.2016 година во 20 часот во Младинскиот Културен Центар универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА- Скопје ќе го прогласи Самуел Вуерстен, директор на Holland Dance Festival и извршен продуцент науниверзитетот“Codarts” за почесен доктор (Doctor Honoris Causa).
Церемонијата ќе започне со беседа на ректорот на универзитетот, господин Јордан Плевнеш по што ќе следи новата премиера „Волшебен свет“ на Скопје танцовиот театар под уметничко раководство на Рисима Рисимкин, кореограф и вонреден професор на Универзитетот на аудиовизуелни уметности ЕФТА-Скопје.
Самуел Вуерстен е едно од оние имиња во областа на танцот, кои извршија огромно влијание во неговото поимање, афирмација и презентација на европско и светско ниво.
Преку својата посветена работа, тој делува на повеќе нивоа во областа на современиот танц и поставува нови стандарди, во областа на едукацијата  - Ротердамската танцова академија, КОДАРТС Универзитет, Холандија и катедрата за современ танц при Универзитетот за уметност во Цирих, Швајцарија; уметничко водство во манифестации од областа на танцот - “Holland Dance Festival”, кураторство во областа на танцот - Интернационалниот фестивал „Контекст“, Москва, Русија. Вуерстен е дел од многу Интернационални танцови (балет и современ танц) натпревари, како дел од жирито, како на пример, тој е член на уметничкиот комитет на Prix de Lausanne, но и на Интернационалниот натпревар за балет во Истанбул и Интернационалниот натпревар за млади кореографи ТАНЦЛАБ, Македонија, од самото негово оснивање.
Својата врвна кариера во областа на танцот, Самуел Вуерстен ја започнува како танчер, за подоцна да влезе во областа на кореографијата и едукацијата, со еден збор тој делува на една широка палета на дејности и влијание во областа на современиот танц.
Како уметнички и генерален директор на прочуениот “Holland Dance Festival”, Вуерстен извршува големо влијание во формирањето на вкусот на европската и светската публика, преку создавање на фестивал од светски ранг, на кој се презентираат само компании со префикс најдобри во својата обалст. Какоизвршен продуцент и копродуцент на Уметничкиот универзитет во Ротердам „Кодартс“ и уметнички директор на катедрата за современ танц при Универзитетот за уметност во Цирих, Швајцарија, тој создава танчери, кои се курентни, не само на европската, туку и светската современа танцова сцена и ги поставува стандардите за едукацијата во областа на танцот.
Вуерстен, во континуитет e дел од интернационални жирија на светски натпревари од областа на балетот и современиот танц; воедно, тој е и уметнички  консултант на повеќе танцови и уметнички организации. Во период од една деценија тој е уметнички директор на Интернационалниот танцов фестивал„ STEPS“ во Швајцарија, а од 2013 година, Вуерстен е куратор на Интернационалниот фестивал „Контекст“ во чест на руската балерина Диана Вишнева.
Самуел Вуерстен има една од клучните улоги во формирањето на современата танцова сцена во Македонија, од 2008 година, кога се запознава со Рисима Рисимкин, македонска кореографка и промотор на современиот танц во Македонија. Вуерстен ја поддржува идејата на Рисимкин за создавање на Академија за современ танц и Ротердамската танцова академија станува партнер на Интерарт културниот центар и во 2010 година, со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, се отвора Скопската танцова академија при Универзитетот ЕСРА, чиј ректор е Јордан Плевнеш. Оваа академија во изминативе 6 години, под раководство на Рисимкин, со соработка и стручна помош од ротердамската академија, преку програмата за размена на профосори-гости и учество на кореографи, по предлог на Самуел Вуерстен, помага во продукцијата на првите современи танчери "Made in Macedonia", со европски квалитет. Врз основа на тоа, Рисима Рисимкин во 2011 година го формира Скопје танцовиот театар во кој работат танчерите на Скопската танцова академија.
Во изминативе шест години, Самуел Вуерстен е постојан гостин на проектите на Интерарт културениот центар, како и Скопската танцова академија и Универзитетот ЕФТА, каде е и консултант за програмата за мастер студии од областа на изведувачките уметности.
Голема чест и задоволство е за Македонија, за современата танцова сцена, уметниците од областа на танцот и танчерите кои веќе се дел од јадрото на современиот танц  кај нас, да соработуваат со еден уметник од негов ранг. Посебна чест ни е тој да  дел од професорскиот и уметничкиот кадар кој ја одбележува работата на универзитетот ЕФТА и поддршката на развојот кој овој универзитет го дава во областа на современиот танц, под водство на ректорот Јордан Плевнеш и кореографот, вонреден професор, д-р Рисима Рисимкин.
 
Самуел Вуерстен е роден и израснат во Г’штаад, Швајцарија. Своето формално образование за танц го започнува на Хамбуршката балетска школа и Ротердамската танцова академија при универзитетот „Кодартс“. Во моментот живее и работи во Холандија. Во 2011 година тој ја добива почесната витешка титула во рамките на Холандсkиот Одред  на Orange-Nassau. Истата година го добива францускиот Орден за уметност и литература и се здобива со звањето  Chevalier dans l’ordre des Arts et des Lettres. Орденот го доделува Француското Министерство за Култура за особен придонес за збогатување на француското културно наследство.


0 Comments

ИНТЕРВЈУ НА ЈОРДАН ПЛЕВНЕШ ЗА ФРАНЦУСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА СО НАСЛОВ „МАКЕДОНИЈА ЕВРОПСКА ЛАБОРАТОРИЈА НА БАЛКАНОТ“

30/9/2016

0 Comments

 
Picture
Француската државна телевизија во рубриката Геополис објави опсежно интервју со  македонскиот писател со интернационално реноме Јордан Плевне, ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА- Скопје.  Првиот дел на интервјуто што го води познатиоит француски новинар Ролан Рибадо-Дима е посветен на меѓународните огласи од романот „Осмото светско чудо“, чиешто прво издание беше објавено на француски, од издавачката куќа Table Ronde што е дел од престижниот Galimard.  Имено, новинарот истакнува дека овој роман доживеа изданија на петнаесетина јазици и дека е сон на еден балкански Дон Кихот, што го бара местото на Македонија на мапата на светот. Во вториот дел на интервјуто, Плевнеш зборува за македонскиот идентитет којшто започнува со „европската пролет на народите“ во средината на 19 век, со македонската преродба, Илинден и Крушевската република, доживувајќи ја својата историска круна со асномска Македонија во 1944г., и прогласувањето на самостојна Македоија во 1991 г. Низ одговорите на Плевнеш се отвора темата на Македонија како „европска лабаратиорија на Балканот“, во која сите придобивки што се на некој начин идеал на основачите на Европската унија се остваруваат токму во Македонија. Плевнеш вели дека создавањето на Република Македонија е една од најголемите придобивки од европеизацијата на Балканот и неговата трансатлантска инеграција.  На прашањето на новинарот Дима поврзано со активностите на Плевнеш како претседател на фестивалите на Југоисточна Европа во Париз и Берлин (SEE a Paris, SEEFF a Beriln), Плевнеш истакнува дека во последните десетина години, голем број на балкански интелектуалци, и од српските, и од албанските, и од бугарските научни и културни кругови, ја поддржуваат иманентно македонската идеја, дека шовинизмот и хегемонизмот на Балканот немаат никакви шанси во заокружувањето на процесот на влегувањето на земјите од Западен Балкан во европската фамилија на народите.

Интервјуто можете да го погледнете на овој линк.

0 Comments

РОБЕРТ ВИЛСОН ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА ЕФТА

22/9/2016

0 Comments

 
Едно од најголемите имиња на светскиот театар Роберт Вилсон, чие што дело веќе половина век  претставува вистинска театарска, визуелна и уметничка револуција на сите пет континенти, ќе биде прогласен за Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје, по плејадата светски имиња кои станале интегрален дел од оваа институција во нејзиното десетгодишно постоење.
Церемонијата ќе се одржи на 26 септември, со почеток во 17:30 ч. во големата сала на Македонскиот народен театар. Овој свечен настан ќе започне со поздрав од театарските уметници од Македонија, потоа ќе се презентира  филмот на Саша Голдман за Роберт Вилсон „Rememberemember“ во присуство на авторот, а ќе има поздравни беседи од ректорот на УАУ ЕФТА Јордан Пленеш и самиот Роберт Вилсон.
Партнери на настанот се  Македонскиот народен театар, хотел Арка – Скопје, винеријата Бовин, а медиски покровител е МРТВ.

Ве повикуваме да присуствувате на овој свечен чин за светскиот театар и македонската култура!
Влезот е слободен, вратите на МНТ се отворени од 17:00 ч.
Picture
0 Comments

ДВОДНЕВЕН СИМПОЗИУМ „БУГАРСКАТА ДРАМА И ТЕАТАР ВО Р. МАКЕДОНИЈА“

19/9/2016

0 Comments

 
Во рамките на долгорочниот научноистражувачки проект „Европскиот театар и драматургија во Р. Македонија од ослободувањето до денес“, Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова академија – Скопје,научно ќе презентира 30-тина национални драматургии, во театарската и издавачката дејност, кои оставиле длабока трага во нашата европска културна меморија. Секоја учебна година ќе бидат презентирани по две драматургии.Оваа година тоа ќе бидат бугарската и германската.
Првиот научен симпозиум во рамки на овој проект  се одржa на 17 и 18 септември во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски, со учество на 30-тина врвни имиња од Бугарија и Македонија, кои дадоа особен придонес во расветлувањето нахронологијата на духовните поврзувања во театарската традиција.
По обраќањата на амбасадорот на Бугарија во Македонија Н.Е. Иван Петков и ректорот на универзитетот Јордан Плевнеш на дводневниот меѓународен научен собир, меѓу другите, од Бугарија активно учество зедоа Христо Бојчев, најизведуваниот бугарски драмски автор во светот Христо Бојчев, проф. Снежина Петрова, проф. Иван Добчев, Светлана Славова, проф. Димитар Димитров, Елена Димитрова од Академијата за ТВ и филм и други.
Од македонска страна реферати презентираа Ристе Стефановски, проф. Д-р Иванка Апостоловска, Васил Михаил, м-р Трајче Кацаров, проф. Д-р Христо Петревски, Глигор Цветковски, проф. Лилјана Котевска – Плевнеш, проф. Гоце Ристовски и др.
Под раководство на проф. Д-р Мишо Нетков се снимаше и документарен филм за придонесот на бугарската драма и театар во Република Македонија.
Исто така, во рамките на симпозиумот беше прикажан и документарниот филм „45 градуси по Азарјан“ во  режија на Лили Абаџиева.
Институтот за сценски уметности при УАУ ЕФТА ќе објави  зборник од трудовите изнесени на Симпозиумот и обемна антологија на бугарската драма на македонски јазик. Овој научноистражувачки проект е предвиден со реципроцитет, и за возврат Факултетот за театар, при Новобугарскиот универзитет, кон крајот на следната година ќе организира симпозиум „Македонскиот театар и драматургија во Бугарија .“

0 Comments

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ЕФТА

16/9/2016

0 Comments

 
Picture
0 Comments

РУДОЛФ ШУСТЕР ВО МАКЕДОНИЈА

15/9/2016

0 Comments

 
Легендарното име на словачката историја, култура, политика и кинематографија Рудолф Шустер, кој во својата исклучителна кариера од 1999 г. до 2004 г. беше и Претседател на Словачката Република, на 12 септември 2016 г. се здоби со највисоката универзитетска инсигниа Doctor Honoris Causa на Универзитетот Св. Климнет Охридски од Битола.  На свеченоста на којашто беа присутни голем број на претставници на дипломатскиот кор и на националните институции, ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски, Проф. Д-р Сашо Коруновски го поздрави претседателот Шустер и го изрази своето задоволство дека овој чин се одвива во исто време со Интернационалниот фестивал на филмската камера во Битола „Браќа Манаки“. Како претседател на рецензетската комисија, Јордан Плевенеш, ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности го поднесе рефератот во којшто направи опсежна ретроспектива на животната, уметничката, и кинематографската одисеја на Шустер, којшто припаѓа на првата фамилија кинематографери на Словачка , кои што во дваесеттите години на 20 век, ја започнале, слично како браќата Манаки историјата на словачкиот нем филм. Ректорите Коруновски и Плевнеш беа поканети од Рудолф Шустер да бидат гости на неговиот  Приватен музеј на кинематографијата во Меѕев во Словачка, за да започне нова иницијатива за поврзување на овие две точки во европската историја на филмот кои се наоѓаат во нашите две земји. Како благодарност за  средбата  и идната соработка претседателот Шустер на ректорот Плевнеш му го подари македонското издание на неговиот политички роман „Ултиматум“, којшто во брилијантен превод на Стојан Лековски го објави „Просветно дело“, каде што е објавена и серија фотографии на незаборавните средби меѓу прерано починатиот македонски претсетател Борис Трајковски и претседателот Шустер.

0 Comments

НАГРАДА ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ЕФТА  

14/9/2016

0 Comments

 
Picture
Меѓународното жири на НЕТА (Нова Европска Театарска Акција): Анастас Поп Димитров - Бугарија, Градимир Гоер – Босна и Херцеговина, Тома Трифуновиќ – Србија, Ника Архар – Словенија и Јоана Поповска – Македонија додели специјална Награда за дебитански настап, во рамките на 24. Мегународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на претставата „Животот е магичен круг од кој бегање нема“ на студентите  по актерска игра од прва година на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска Филмска Театарска и Танцова Академија Скопје-Париз-Есен Ротердам од класата на професор Мето Јовановски и асистент Магдалена Ризова-Черних.  
Наградата ќе биде врачена на свеченоста по повод почетокот на новата академска година на Универзитетот за аудиовизуелни умености.


0 Comments

КОНКУРС ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ ЗА ИЗЛОЖБАТА YOUNG ART 2016

14/9/2016

0 Comments

 

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young Аrt 2016 на која Агенцијата  ги повикува сите млади  визуелни уметници и групи да поднесат свои авторски дела, согласно со утврдените критериуми :
1. Авторите да се на возраст од 15 до 29 години
2. Доставените дела да се од следниве дисциплини:
∼ Сликарство (со димензии не поголеми од 200х200 см)
∼ Скулптура (со димензии не поголеми од 200х200x200 см)
∼ Графика (со димензии не поголеми 100х70)
∼ Графички дизајн (плакат)
∼ Фотографија (со димензии не поголеми од 100х70 см)
 
3. Делата треба да кореспондираат со современите ликовни практики, а тематските и идејните содржини се отворени и се поврзани со рецентното индивидуално творештво на авторите од последните две години. Делата треба да имаат изразен индивидуален, ликовен и креативни ракопис.
Изложбата по трет пат ќе се  реализира оваа  година, а има за цел да ги поддржи и стимулира младите во продуцирање на современо ликовно творештво, но и да направи пресек на современата ликовна продукција  на најмладата  генерација визуелни уметници.
Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите млади автори и групи на возраст од 15 до 29 години, да  достават свое дело на конкурсот. Секој кандидат учествува со по едно дело. Изложбата е селективна, а жирито ќе додели по една награда за уметнички достигнувања за петте дисциплини, во износ од  40,000 денари.
Секој автор своето дело треба да го достави соодветно опремено (без да се гледа неговата сигнатура) заедно со плик во прилог  во кој ќе ги има податоците за авторот и делото, а на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, во средината да биде назначена точната адреса на примачот.
Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот.
Во вториот затворен плик треба да има податоци за испраќачот и адресата на која делото ќе биде уредно вратено.
Адресата на која треба да се достават авторските дела е:
Агенција за млади и спорт
Сектор млади
Ул. Македонија бр.38, 1000 Скопје
Со назнака „за Конкурсот Млади уметници “
Или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт (палата „Панко Брашнаров“) .
 
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. (02) 3116-628 секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.
Конкурсот ќе трае од 29.08 до 30.09.2016.
0 Comments

ОТВОРЕНИТЕ ПОРТИ НА ЕФТА ЕКСКЛУЗИВНО НА BACKSTAGE

6/9/2016

0 Comments

 
               Отворените порти на УАУ ЕФТА  продолжуваат на 12 и 13 септември. Сите заитересирани можат да не посетат во нашите простории од 11 до 14 часот, каде што ќе можат да се запознаат со нашите програми и активности.
                   ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ за сите допонително пријавени кандидати ќе се одржат на 12.09.2016 во 10 ч.  Крајниот рок за пријавување на додипломски студии е 01.10.2016.
               Свечениот почеток на учебната 2016/2017 година, доделувањњето на дипломите и индексите на новозапишаните студенти ќе одржи на 21 септември во 11:30 часот, во Салата на Кинотека на Македонија.
                    За најдобрите кандидати УАУ ЕФТА ќе обезбеди 50 % попуст на школарината, а изборот ќе биде направен врз основа на постигнатите успеси во образовниот и кариерниот развој на кандидатите, како и од оценката на стручната комисија.

               Во продолжение можете да погледнете прилогот на Backstage од првиот ден на Отворените порти. 
0 Comments

РОКОВИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРИЕМНИ ИСПИТИ

24/8/2016

0 Comments

 
Picture

Ве известуваме дека ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ за сите пријавени кандидати за упис на нашот Универзитет до 31.08.2016 година, ќе се одржи на: 01.09.2016 во 10 часот.
   За сите заинтересирани кандидати кои ќе се пријават дополнително, ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ќе се одржат на 12.09.2016 година во 10 часот. Пожелно е доколку кандидатите имаат изработено сопствени материјали (аудио-визуелни) или благодарници и дипломи од натпревари од соодветната област, да ги презентираат пред комисијата.

Пријавените кандидати за актерска игра за приемниот испит треба да подготват:
  • еден монолог по слободен избор
  • една рецитација
  • расказ (сопствена приказна на слободна тема)

Претседател на испитната комисија ќе биде Проф. Мето Јовановски.


0 Comments

ОТВОРЕНИ ПОРТИ НА  УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ

16/8/2016

0 Comments

 
Picture
ОТВОРЕНИ ПОРТИ на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија - Скопје

Во очи на 10-годишниот јубилеј, Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Театарска и Танцова Академија - Скопје, за сите заинтересирани потенцијални кандидати за упис на нашиот универзитет организира:

                                                                     ОТВОРЕНИ ПОРТИ

                                                                              во Скопје

                                                          01 и 02 септември од 11-14 часот

                                                         12 и 13 септември од 11-14 часот

                   во просториите на Универзитетот  (зграда на Кинотека на Р. Македонија)


                                                                            во Битола
 
                                                              05 септември од 11-14 часот

                                                               Народен театар Битола


                                                                         во Струмица

                                                                 09 септември во 12 часот

                                                            Народен театар „Антон Панов“
​

За време на Отворените порти ќе бидат презентирани активностите и програмите на:

-Факултетот за театарски уметности - актерска игра, драматургија, театарска режија од професорите: Мето Јовановски, Дејан Пројковски, Роберт Вељановски, Гоце Ристевски, Загорка Поп Антовска-Андовска, Благој Мицевски

- Факултетот за филмски уметности – филмска и ТВ режија, филмска и ТВ камера, филмска и ТВ монтажа, продукција и менаџмент, анимација, фотографија, звучен инженеринг, музичка продукција од професорите Роберт Јанкулоски, Сашо Павловски, Валентино Скендеровски, Братислав Зафировски, Горан Наумовски, Крсте Господиновски, Горан Тренчовски.

-Факултетот за применета музика – композиција на филмска музика, вокална интерпретација, современ танц од професорите Дарко Мариновски, Александар Трајковски, Љупчо Коскаров, Рисима Рисимкин.

Од оваа учебна година отворена е можност за запишување на катедрата за интерпретација на популарна музика - естрадно пеење, каде што ќе бидат ангажирани наши познати естрадни уметници, како стручни соработници во образовната формација. Оваа година тоа ќе бидат Силви и Влатко Плевнеш.

Во текот Отворените порти ректорот на Универзитетот Јордан Плевнеш, меѓу другото, ќе ги објави и имињата на личностите од светски формат кои во текот на учебната 2016/2017 година ќе станат дел на нашата образовна институција со нивната номинација за Doctor Honoris Causa.

За најдобрите кандидати УАУ ЕФТА ќе обезбеди 50 % попуст на школарината, а изборот ќе биде направен врз основа на постигнатите успеси во образовниот и кариерниот развој на кандидатите, како и од оценката на стручната комисија.

Бидете дел од една од највозбудливите универзитетски авантури што ги пренесува светските стандарди во Македонија.

Со европско образование до европска диплома !

0 Comments

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТОТ „МЕДИТЕРАН“ ОД ПОДГОРИЦА, ЦРНА ГОРА

26/4/2016

0 Comments

 
Picture
Денес, во Подгорица, свечено беше потпишан договор за соработка помеѓу Универзитетот „Медитеран“ од Подгорица и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија – Скопје. Договорот го потпишаа ректорот на УАУ ЕФТА – Скопје, Амбасадорот Јордан Плевнеш, и ректорот на Универзитетот „Медитеран“, Проф. Д-р Ненад Вуковиќ.
Со овој документ се предвидува соработката помеѓу двете институции во областите на развивање на заеднички истражувачки активности, заедничка работа во стручни и научни проекти, размена на студенти и наставен кадар, развој на заедички додипломски и постдипломски студиски програми, професионални и академски средби. Исто така двете институции ќе учествуваат во заеднички промотивни проекти, продукциски проекти, проекти за развој и професионализација, организирање хуманитарни настани и проекти за развивање и промоција на општествената одговорност.
Со ова „Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија - Скопје“  уште повеќе ја проширува успешна својата интернационална на соработката, во која веќе се вбојуваат престижни универзитети од Франција, Германија, Русија, Холандија итн.
Исто така ректорите на двата унуверзитети изразија подотвеност европските стандарди на високото обрзование да ги презентираат и на филмските фестивали кои ги организира УАУ ЕФТА – Скопје, во Париз – „SEE а Paris“ (www.seeaparis.com / www.see-ff.net), Берлин – „SEEFF a Berlin“(www.seeff.de), а од оваа година и во Нингбо, Кина - „CEE in Ningbo“.


0 Comments

КОНКУРС ЗА КРАТОК ФИЛМ

22/4/2016

0 Comments

 
Францускиот институт во Скопје годинава организира натпревар на 3 минутни видеа, којшто се одржува во рамките на Фестивалот на француски филм во Македонија.
 
Натпреварот е наменет за младите од 18 до 28 години, коишто треба да снимаат мини-видео со мобилн телефон на тема „слобода на изразување“.
Првата награда е престој во Франција и часови по француски јазик. Познавањето на францускиот јазик не е задолжително.
 
Сите дополнителни информации, формулар за учество на бесплатните работилници за изготовка на мини-видео (кои се факултативни) се достапни наследниот линк: http://www.ifs.mk/mk/Home/CultureContent/1527

Во приложениот документ се наоѓа кус опис на наптеварот.
0 Comments
<<Previous
Forward>>

    КОНКУРС ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2018/2019

    ЦЕНОВНИК

    ДОКУМЕНТИ

    ​
    • Акредитација
    • Проект за 1 циклус
    • Проект за 2 циклус
    • Самоевалуација
    • Каталог МК
    • ESRA Catalog EN

    Интернационална соработка

    Picture

    Picture

    Picture

    Archives

    July 2020
    April 2020
    March 2020
    November 2019
    August 2019
    June 2019
    April 2019
    March 2019
    February 2019
    December 2018
    November 2018
    September 2018
    April 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    June 2017
    March 2017
    February 2017
    December 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014
    May 2014
    April 2014
    March 2014
    February 2014
    January 2014
    December 2013
    November 2013

    Categories

    All

    RSS Feed

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.