
За време на престојот беа посетени повеќе локации и музеи посветени на Првата светска војна како и локации поврзани со Втората светска војна, пред се местата на истоварување на сојузниците во Нормандија и воените гробишта од неколку држави учеснички. Од снимениот материјал беше направена селекција од најуспешни фотографии, која ќе биде извор за изложбата којашто ќе се одржи во месец декември оваа година во галеријата на Кинотеката на Македонија.
Проектот е реализиран во рамки на соработката помеѓу Македонија и Долна Нормандија, во соработка со Куќата на визуелни уметности (La Maison d'Image) од Каен, а со финансиска поддршка од страна на ALDA (Асоцијација на агенции за локална демократија).
Проектот е инициран и конципиран од страна на Константин Плевнеш и Илина Мангова.