УНИВЕРЗИТЕТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
  • News
  • Македонски
    • За Нас
    • Факултети
    • Обраќање на Ректорот
    • Услови за студирање
    • Наставен кадар
    • Doctor Honoris Causa
    • Универзитетски билтен
    • ЕФА Продукција
  • English
    • About Us
    • Faculties
    • Rector's Address
    • Conditions
    • Professors
    • Doctor Honoris Causa
    • Professor Honoris Causa
  • Collaboration
  • Events
  • Gallery
    • Photo >
      • Inauguration
      • First generation
      • Play Beckett
      • Thierry Arbogast
      • Jiri Menzel
      • First class 2010/2011
      • Simposium Bouvier
      • Visit of Boyana Film
      • First class 2011/2012
      • Miki Manojlovic
      • Jean Claude Carriere
      • Abdulah Sidran
      • Radivojevic/Cvetkovic
      • Montenegro
      • First class 2012/2013
      • Golden Dedal 2012
      • Education fair 2012
      • First class 2013/2014
      • Aleksandar Morfov
      • Slavjanski
      • Education fair 2014
      • First class 2014/2015
    • Video >
      • Promotional videos
      • Student's works
  • Links
  • Contact

Критички осврт на кореодрамата ДЕНИЦИЈА - „Кој е човекот без сопствениот идентитет и својата татковина“

12/12/2016

0 Comments

 
Picture
Овој вреден естетско-уметнички труд на Константин Плевнеш ќе остави голема трага не само во македонската уметност и естетика, туку претставува и своевидно будење на македонскиот национален идентитет, затоа што уметноста е таа што го дава идентитетот на еден народ и на една нација, преку која тој станува препознатлив во светот. Овoj совршeн театарски сон не може да ве остави рамнодушен, туку напротив, ќе предизвика кај вас силни интензивни емоции за исконските прашања преку еден копнеж, за поубав и почовечен свет, свет на својата самостојност како што ќе забележи Константин Плевнеш - во вид на еден молотов коктел на љубовта, кој е клуч на секоја револуција. Затоа што оние што ја видоа светлината тие ја запознаа љубовта во духовното царство на нашето милје, кои понекогаш толку силно ја повикуваа уметноста за да се спасат од вистината.

На 4 декември вечерта пред преполнетата сала на Драмскиот театар во Скопје во продукција на Народниот театар од Охрид и театарот „Иси е ла“ од Париз, Франција се случи еден чудесен настан - класичната поема на Петре М. Андреевски и македонската модерна поезија беа претворени во театарски сон и визуелна кореодрама што ги брише границите на светската историја. Со „Дениција“, македонската амблематска поема, минуваат пред нашите очи незаборавни мигови од историската 1968 година кога се случуваат неверојатни настани, револуции, убиства, политички утопии и масакри на надежта. Во Македонија е создадена духовната основа на македонскиот национален идентитет преку стиховите што стануваат идентификација на сите поколенија во блиското минато и блиската иднина.

Кога ја љубев Дениција
Како да учествував во создавањето на првата македонска држава.

Лириката на Петре М. Андреевски во „Дениција“, се претвори во една несекојдневна естетска доживелица преку режисерската палка и оригиналниот приод визави сите клишеа на нашиот познат уметник и режисер - Константин Плевнеш. Овој татарски сон што не случајно се создава во овие мигови на современото македонско живеење е и своевидно потсетување - дека кај нас постојат уметници што ја чуваат „Дениција“ како наша оставина и завет за оние што доаѓаат. Страдалничкиот сјај на овој таинствен свет на македонската сага од една страна, и љубовта како наш категорички императив од друга страна, се испреплетуваат во моќен театарски сон, како надеж за еден поубав и почовечен свет, свет како пулсирачко ткиво на целовитоста на македонскиот национален идентитет. Додека некои денес сѐ уште го земаат оружјето в рака, како што вели младиот и талентиран режисер, другите ја земаат својата палка како млади водачи и револуционери на своето време и нѐ потсетуваат на Мартин Лутер Кинг кога велеше: „Имав еден сон“. Тој сон како љубовен занес го наоѓаме во кореодрамата за „Дениција“, зашто кои сме ние без љубовта? Кој е човекот без сопствениот идентитет и својата татковина? Kако ехо низ драмата постојано струи и прашањето: Која е трајната смисла на човечката опстојба? Навлегувајќи се подлабоко во светот на човекот, светот на уметноста, исто како и во драмата „Дениција“ имаме проблем на односот реално - идеално. Во таа релација љубовта кон Дениција живее во две димензии: раѓањето и смртта.

Трагиката во кореодрамата „Дениција“ не ја наоѓаме во самата смрт што ни е на секому од нас најдефинитивно дадена, туку во еден копнеж, копнеж за поубав и почовечен свет, свет на своја самостојност што е единствено возможен преку љубовта, зaшто без љубовта доаѓаме до она на што уште нѐ потсетува Хобс: „Војна на сите против сите“.
Театарскиот сон „Дениција“ е завршно целосно дејство што буди страв, жал и сочувство кога човекот станува свесен за неповторливоста на својот живот, но кога станува и свесен за себеси, за оние што ги сака и за онаму каде што тој живее.

Во тие драматични мигови на страв и трепет токму кога ние се идентификувавме со трагичниот јунак и неговата судбина, интензивно се соочуваме и со нашите најголеми стравови: губењето на љубовта од саканата личност или нејзината неминовна смрт. Токму во тој миг кореодрамата ќе изврши една беспрекорна трагична катарза преку љубовта како светлина (Дениција) помеѓу две темнини, онаа од која несфатливо како, но дојдовме, и онаа во која можеби и ќе заврши човекот ако никогаш не ја запознае. Кореодрамата „Дениција“ е склоп на повеќе уметнички техники каде што се испреплетуваат т.н. убави уметности меѓусебно дополнувајќи се во една целина на драмското дејствување преку: поезијата, филмот, сликарството, трагедијата, балетот.

Преку заводливите ритмичко-хармонични движења на балетот и впечатливата композиција што само ја интензивираше драмско-љубовна приказна за Дениција, нѐ стави во миговите на големото искушение на трагичниот јунак преку прашањето: Дали да ја напушти својата најголема љубов и да се предаде на надворешниот блескав сјај на онаа што го заведуваше, која за сигурно ќе го однесеше далеку од местото на љубовта, претворајќи го во вечен роб на надворешниот сјај на живеењето? Но, и тука победи љубовта, затоа што како што ќе забележи Петре М. Андреевски, Дениција, таа е наша учителка по дишење, без неа нема светлина ниту живот, без неа ќе се изгубиме како никогаш да не сме постоеле. Таа е онаа што доаѓа во најдлабоката темнина на човекот како најблескава ѕвезда со целиот свој сјај, во најтемната ноќ - и единствено ако се охрабриме да ја кренеме главата ќе можеме да ја доживееме во сета убавина, а таа убавина да ја чуваме за навек. Затоа што Дениција е нашата љубов, таа е и нашата болка, нашата судбина што ја носиме во себе како смрт и го најавуваме доаѓањето на идеалот. Низ таа љубов ние ги поставуваме оние вечни, перенијални, трансисториски прашања. Кој сум, каде сум, за што вреди да живеам, а за што да умрам?

„Дениција“, како што нѐ потсетува авторот, е онаа тишина во погледот, прстен што се става на раката, две рани што се прегрнуваат како завет среде срцето, онаа што можеби ќе нѐ надживее. Кореодрамата Дениција е и барањето на светлината во овој овоземски свет, онаа што топи снегови во движење, онаа што има моќ да го бакне металот и громот едновремено. Дениција, е и онаа за која дојдовме на земјата да ја чуваме, затоа што ништо не беше поприсутно од нејзината отсутност. Дениција е онаа љубов кога телото станува непотребно, а остануваше само душата како песна на славејот, која ги спојуваше небото и земјата.

Дениција за која не ќе можевме да умреме ако никогаш не се родеше. Дениција е и метафора на совршена женска убавина што по својата диферентиа специфика ги подразбира љубовта и страдањето, онаа што постои во секоја клетка на нашето битие, која ја носиме во себе сѐ до нашата смрт како божествениот дух во себе и надвор од себе таму каде што повторно ќе ја најдеме. Сите овие духовни превирања внатре во нас не ќе можеа да се остварат без маестралната игра на првенецот на Драмски театар, Рубенс Муратовски како Петре М. Андреевски, вистинското откровение на младата актерка Димитрина Мицкоска како Дениција и разорно убавата кореографија на Саша Ефтимова од МОБ, која ја возбуди до солзи публиката, а која играше на музиката на Стравински и на оригиналните композиции на Константин Плевнеш. Посебно треба да се истакне фасцинантната сценографија на интернационалниот мајстор Валентин Светозарев, сликите на тема „Дениција“ од Сергеј Андреевски, синот на Петре М. Андреевски, кој ја гради својата кариера по сите меридијани не заборавајќи го своето родно село Слоештица, костимографката Марија Пупучевска, која втиснува прекрасен печат, како и видеоартот на Милчо Узунов, кој се слеваше во единство што успева да ви го откорне срцето.
Посебно треба да се истакне екипата на Народниот театар од Охрид на чело со директорот Горан Стојановски и присуството на Флоријан Габер од Париз, која е копродуцентка на претставата и промовирањето на „Дениција“ во европските метрополи.

д-р Мимоза Рајл

0 Comments

ДЕНИЦИЈА, ТЕАТАРСКО-ПОЕТСКИ СОН НА КОНСТАНТИН ПЛЕВНЕШ

12/6/2016

0 Comments

 
Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз, Франција, на 4 декември, во Драмски театар во Скопје, се одржа светската премиера на драмската презентација на историската поема  „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.
Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е воедно автор на оригиналната музика, во улогата на Петре М. Андреевски настапува првенецот на Драмскиот театар Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција, младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Марија Пупучевска,  видео-арт Милчо Узунов, додека уметнички советник е Флориан Габер. Во рамките на претставата користени се и 5 слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“.
Интересно е да се одбележи дека претставата е во копродукција со парискиот театар  „Ici et la“, со оглед на фактот што поезијата на Петре М. Андреевски е преведена на француски, предвиден е и настап во повеќе европски метрополи.
После успехот на премиерата во Драмски Театар - Скопје, следуваат изведиби на Дениција на 17 декември во Охрид и на 21 декември Штип, во рамките на фестивалот Ацо Шопов.
0 Comments

    КОНКУРС ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2018/2019

    ЦЕНОВНИК

    ДОКУМЕНТИ

    • Акредитација
    • Проект за 1 циклус
    • Проект за 2 циклус
    • Самоевалуација
    • Каталог МК
    • ESRA Catalog EN

    Интернационална соработка

    Picture

    Picture

    Picture

    Archives

    November 2019
    August 2019
    June 2019
    April 2019
    March 2019
    February 2019
    December 2018
    November 2018
    September 2018
    April 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    June 2017
    March 2017
    February 2017
    December 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014
    May 2014
    April 2014
    March 2014
    February 2014
    January 2014
    December 2013
    November 2013

    Categories

    All

    RSS Feed