
https://www.facebook.com/events/501626369944250/
http://www.rdvstreet.com/agenda/open-mic/reality-check-presente-sinoptic-music-walter-open-mic-paris.html
![]() Младиот македонски филмски режисери музичар Константин Плевнеш, на 21 декември 2013, во престижната сала Мироатри во Париз, ќе го претстави својот авторски албум, дел од интернационалното музичко движење Sinoptic music, кое дејствува во повеќе европски и светски музички центри. По Париз, авторскиот албум кој Плевнеш го потпишува со псевдонимот Hellblazer, ќе биде презентиран во Брисел и Лондон. https://www.facebook.com/events/501626369944250/ http://www.rdvstreet.com/agenda/open-mic/reality-check-presente-sinoptic-music-walter-open-mic-paris.html
0 Comments
![]() Претставата „Вечна куќа“ со која се отвори Стариот театар го воспева животот и уметноста, потсетувајќи не' дека историјата е само фрагмент Сунчица Уневска, Утринскински Весник Ништо не може да биде исто во една куќа која е сведок на изминувањето на вековите, во куќа низ која поминале толку животни судбини, толку различни светови и случувања, во една куќа чии одаи се преполни со приказни. „Сопственоста е фикција“, ќе извика авторот Јордан Плевнеш на крајот на приказната за „Вечна куќа“, упатувајќи неверојатно силна порака, не само за нас, не само за Македонија, туку за целиот свет. Чија е куќата која стои како нем сведок, низ која протатниле толку народи, такви историски пресврти, среќни и несреќни мигови, тажни и весели настани, чија е куќата, која е преполна со духови, во која индивидуалната меморија се судира со колективната. Може ли некој со сигурност да каже дека ова е негово парче земја, парче кое во себе носи толку многу спомени. ![]() Новата зграда на Македонскиот Народен Театар беше отворена на 7 декември 2013, со спектакуларната изведба на театарската претстава "Вечната куќа", по текст на Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Јордан Плевнеш, а во режија на Про-Ректорот на нашиот Универзитет, Дејан Пројковски. Покрај нив, во претставата учествуваа и голем број на актери од нашата институција (студенти и дипломирани). Во продолжени следат линкови од неколку одгласи во медиумите, проследени со фотографии: ![]() Изложбата на плакати, насловена "Да ја спасиме планетата! (Au secours de la planète)" ќе биде отворена на 6 декември (петок), во галеријата на Кинотеката на Македонија, со почеток во 18.00 часот. Во рамките на активностите на Меѓународната организација за Франкофонија (OIF) насочени кон одржливиот развој и заштитата на околината, Регионалниот франкофонски центар за централна и источна Европа (CREFECO) организираше, во периодот од 15 февруари до 15 април 2013, натпревар под наслов „Да ја спасиме планетата !“ (“Au secours de la planète”), во соработка со Амбасадата на Швајцарија во Бугарија, Федерацијата Валонија Брисел, Центарот за јазици од Универзитетот во Женева, Центарот за активен пристап кон јазиците и медиумите (CAVILAM) – Француска Алијанса, како и Франкофонскиот институтот за одржлив развој (IFDD). Овој натпревар беше организиран за младите на возраст од 18 до 23 години, од земјите на централна и источна Европа (PECO), кои учат француски јазик. Еколошките идеи на кандидатите, пренесени преку плакатите што ги изработија, беа оценувани од меѓународна комисија, во која учествуваше и Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Г-динот Јордан Плевнеш и која од 32 пристигнати проекти избра 20 плакати кои ќе бидат претставени нa подвижна изложба во неколку градови во регионот. Публиката во Скопје ќе има можност да ја проследи оваа изложба во перодот од 6 до 15 Декември 2013. |
КОНКУРС ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2017/2018
ЦЕНОВНИК
ДОКУМЕНТИИнтернационална соработка
Categories |
|
|
|