Вонредна испитна сесија, начин на пријавување
Почитувани студенти,
Со оглед на вонредните околности во кој функционираме, како високообразовна институција, а следејќи ги препораките на Министерството за образование и наука на Р.Македонија, ве известуваме дека во месец април ќе биде одржана т.н. „казнена“ испитна сесија, онлајн, за студентите кои не ги положиле испитите од првиот семестар од учебната 2019/2020 година (за додипломски, специјалистички и магистерски студии).
- Пријавувањето на испитите ќе се одвива во периодот од 13.04.2020-17.04.2020 год.
- Полагањето на испитите ќе се одвива од 20.04.2020 – 27.04.2020 год.
- Трошоците за пријавување на испит за студентите на додипломски студии, изнесуваат 600,00 ден..
- Трошоците за пријавување на испит за студентите од посдипломските студии (специјалистички и магистерски) изнесуваат 1.000,00 ден. по испит.
Согласно процедурата на Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА за онлајн полагање на испитите, сите студенти е потребно за должително да:
- Извршат уплатата на сумата, согласно бројот на испитите што ги пријавуваат (во банка, или електронски од трансакциската сметка).
- Пополнат формулар-пријава за испит, формуларот можете да го преземете од овој линк: ФОРМУЛАР-ОНЛАЈН ПРИЈАВА
Доказот за уплата на испитите-скениран (јасна и читлива фотографија), заедно со пополнетите формулар-пријави, треба да ги испратите на емејл адреса: esraskopje@gmail.com, во предвидениот рок за, со назнака: „ПРИЈАВА ЗА ИСПИТ“.
Дополнително ќе бидете известени за термините за испитите по конкретните предмети и начинот на кој ќе се спроведе полагањето.
Напомена:услов за полагање на испитите во оваа казнена сесија е да бидат подмирени финансиските обврски согласно договорот за студирање.
Примерок за пополнување на образецот за уплата на испити:
Назив и седиште на уплатувачот:ИМЕ НА СТУДЕНТОТ И АДРЕСА
Повикува на број:ЕМБР на студентот
Цел на дознака: за полагање испити + бр. на испити што се пријавуваат
Назив и седиште: Интернационален универзитет ЕУРОПА ПРИМА – Скопје
Банка на примач: НЛБ Тутунска Банка Скопје
Трансакциска сметка:210-0638779901-34
Напомена: Да не се користи стариот назив на Универзитетот, бидејќи уплатите нема да бидат извршени.