УНИВЕРЗИТЕТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
  • News
  • Македонски
    • За Нас
    • Факултети
    • Обраќање на Ректорот
    • Услови за студирање
    • Наставен кадар
    • Doctor Honoris Causa
    • Универзитетски билтен
    • ЕФА Продукција
  • English
    • About Us
    • Faculties
    • Rector's Address
    • Conditions
    • Professors
    • Doctor Honoris Causa
    • Professor Honoris Causa
  • Collaboration
  • Events
  • Gallery
    • Photo >
      • Inauguration
      • First generation
      • Play Beckett
      • Thierry Arbogast
      • Jiri Menzel
      • First class 2010/2011
      • Simposium Bouvier
      • Visit of Boyana Film
      • First class 2011/2012
      • Miki Manojlovic
      • Jean Claude Carriere
      • Abdulah Sidran
      • Radivojevic/Cvetkovic
      • Montenegro
      • First class 2012/2013
      • Golden Dedal 2012
      • Education fair 2012
      • First class 2013/2014
      • Aleksandar Morfov
      • Slavjanski
      • Education fair 2014
      • First class 2014/2015
    • Video >
      • Promotional videos
      • Student's works
  • Links
  • Contact

Документарен филм за "Нова Македонија"

3/27/2014

0 Comments

 
Picture
Уни­вер­зи­те­тот за ау­ди­о­ви­зу­ел­ни умет­но­сти „ЕСРА Па­риз - Скоп­је - Њу­јорк“ пот­пи­ша ме­мо­ран­дум за со­ра­бо­тка со днев­ни­от вес­ник „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ за снима­ње на до­ку­мен­та­рен филм по по­вод 70-го­диш­ни­на­та од по­сто­е­ње­то на пр­ви­от ма­ке­дон­ски дне­вен вес­ник. Ре­кто­рот на уни­вер­зи­те­тот Јор­дан Плевнеш из­ја­ви де­ка ова е еден од нај­се­ри­оз­ни­те про­е­кти во по­сто­е­ње­то на ЕСРА.
- Ќе по­кри­ва­ме ед­на хро­но­ло­ги­ја од 70 го­ди­ни од пр­ви­от вес­ник на ма­ке­дон­ски ја­зик, кој из­ле­зе на 29 октом­ври 1944 го­ди­на. Ова е го­лем пре­диз­вик за сите про­фе­сии што се сту­ди­ра­ат на на­ши­от фа­кул­тет, а на­ед­но и за на­ши­те сту­ден­ти, про­фе­со­ри и за си­те на­ши со­ра­бот­ни­ци во сфе­ра­та на ау­ди­о­ви­зу­ел­ни­те умет­но­сти да по­кри­јат ед­на од нај­воз­буд­ли­ви­те аван­ту­ри на мо­дер­на­та исто­ри­ска сли­ка на Ма­ке­до­ни­ја - из­ја­ви Плев­неш.
Ди­ре­кто­рот на вес­ни­кот Ра­тко Ла­за­рев­ски из­ја­ви де­ка на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ ѝ е за­до­волс­тво да учес­тву­ва во ва­ков го­лем про­ект.
- Со овој про­ект ќе се на­пра­ви до­бар спој на умет­но­ста, од ед­на стра­на на пи­ша­ни­от збор и но­ви­нар­ски­от израз, а од дру­га стра­на на умет­но­ста на фо­то­гра­фи­ја­та и фил­мот, умет­но­ста на мон­та­жа­та, на ре­жи­ја­та. По­вр­зу­ва­ње­то на овие две ин­сти­ту­ции ќе оста­ви зад се­бе иск­лу­чи­тел­но до­бро де­ло и не­што што ќе оста­не за ид­ни­на­та - из­ја­ви Ла­за­рев­ски.

0 Comments

Нашиот Универзитет дел од интернационален студентски проект

3/7/2014

0 Comments

 
Picture
Во периодот од 10 до 15 март 2014, ќе се одржи втората фаза од интернационалниот студентски проект “Европа мојот идентиет”, во чија реализација учествуваат студенти на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Универзитетот за уметности Фолкванг од Есен, Германија и ЕСРА Франција. Проектот е поддржан од страна на Германско-Француската канцеларија за млади OFAJ - L'Office franco-allemand pour la Jeunesse (www.ofaj.org) и се реализира во три фази, по кои како краен резултат треба да се добие документарен (making off) филм кој го следи целиот проект и краток игран филм.
Првата фаза се одржа во септември 2013 во Македонија, каде што студентите снимаа на ексклузивни локации во Преспа, Битола, Охрид и Скопје. Втората фаза ќе се одвива во Есен, Германија од 10 до 15 март, а третата завршна фаза од проектот ќе се реализира од 08 до 13 септември оваа година.
По завршувањето на филмот предвидено е негово емитување на француско-германскиот ТВ канал Арте.

0 Comments

"Осмото светско чудо" на саем на книгата во Лајпциг

3/6/2014

0 Comments

 
Picture
Романот "Осмото светско чудо" на Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Јордан Плевнеш, кој што е веќе објавен на десетина јазици во светот, во превод на германски од страна на Вил Фирт, а во организација на мрежата Традуки, ќе биде претставен на Саемот на книгата во Лајпциг, кој ќе се одржи во периодот од 13 до 16 Март 2014.
На штандот на Традуки, во рамките на претставувањето на авторите од Југо-Источна ЕВропа, Јордан Плевнеш ќе има презентација на романот во која ќе учествуваат повеќе германски и светски издавачи и дебата со броните посетители на овој престижен саем.
По завршувањето на саемот, на 17 март во 18.00 часот, во негова чест од страна на Германско-македонското друштво ќе биде организирана книжевна средба во Амбасадата на Република Макеоднија во Берлин, на кој што за романот "Осмотот светско чудо" ќе зборува професорката на Хумболт Универзитетот Весна Цидилко, која напиша опсежна студија за значењето на овој роман во евроопската книжевност.
http://www.jordanplevnes.net/1/post/2014/03/30.html
http://www.jordanplevnes.net/uploads/9/0/1/5/9015111/flyer_fokus_soe_leipzig2014.pdf

0 Comments

Премиера на филмот "Macedonia Mon Amour"

3/5/2014

0 Comments

 
Picture
На 9 март 2014, со почеток во 20.00 часот, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи премиерата на германско-македонскиот филм “Macedonia Mon Amour”.  Филмот е во продукција на Convincet GmbH, cine plus Media Service GmbH & Co. KG и ЕФА Продукција и е реализиран со поддршка на Филмскиот фонд на Македонија.
“Macedonia mon amour” е документарен филм кој не се развива во правецот на прикажувањето разни надворешни случувања, туку кон прикажување на речиси медитативни слики на детали и сеќавања. Минатото и сегашноста стопени помеѓу себе во фин колаж. Со овој филм се прикажува слика за Македонија како импресија од сеќавања, а тоа е единствениот пристап кој странец може да го направи однадвор. Во таа смисла “Macedonia mon amour” е филмувано спознание.
Агнеса Гонџа Бојаџиу, Мајка Тереза, која што се стекна со светска слава како Мисионер во Индискиот град Калкута е родена во Скопје во 1910 за да стане, како што самата велеше “граѓанин на светот”. Малку познатите факти за времето на Мајка Тереза во и околу Скопје се прикажани со симболични слики низ филмот, оставени да се проткајуваат како златни нишки.
2000 илјади години порано Апостолот Павле беше роден во сегашната турска област Tarsus, од страна на еврејски родители кои исто така беа и римски граѓани. Откако тој имал визија за помошта која од него ја барале Македонците, ја основал првата христијанска заедница во градот Philippi во римската област Македонија. Пред неколку години малото македонско село Паљурци беше повторно откриено како место каде што најверојатно тој се скрил од римското гонење. Филмот го следи многу значајниот христијански живот во Македонија од деновите на Св. Павле, христијанските градови во доцниот антички период, средновековната охридска школа и монашкиот живот, се до Мајка Тереза. Филмот ги прикажува и младите генерации како го откриваат христијанското наследство.
Археолошките наоѓалишта, родниот град на Мајка Тереза - Скопје, ископувањата низ целата земја и манастирите се дел од сценита на истражувачкото патување низ Македонија. Низ мозаик од информации од секоја локација, преку интервјуа со локалното населние, сликата за земјата и нејзината цивилизациска и културна разноликост почнува да се оформува. Ги согледуваме причините поради несогласувањата помеѓу Македонија и нејзините соседи во потрагата по културното наследство. Во исто време стануваме се поимпресионирани од тоа како сите овие влијанија создале нешто многу поголемо, а тоа се корењата и вредностите на западната култура.

0 Comments

По петти пат Вечери на Женски Права

3/3/2014

0 Comments

 
Picture
Петто издание на Вечерите на женски права.
06-08
Март 2014, Кинотека на Македонија.
www.womensrightsnights.net

Вечерите на Женски Права по петти пат ќе се одржат во периодот од 06 до 08 март 2014 година. Исто како и минатата година местото на случување ќе биде Кинотеката на Македонија.
Во текот на трите дена ќе бидат прикажани три исклучителни документарни филма од новата светска и регионална продукција, кои ќе бидат проследени со дебати, а предивидени се и пропратни настани.
Настанот се организира под покровителство на Градот Скопје, во соработка со UN Women, Кинотеката на Македонија, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Институтуот за родови студии при УКИМ, а како партнери се јавуваат и Радио МОФ, Еквирас Асоцијација за еднаквост и права и Студентското списание Излез.


Read More
0 Comments

    КОНКУРС ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2017/2018

    ЦЕНОВНИК

    ДОКУМЕНТИ

    • Акредитација
    • Проект за 1 циклус
    • Проект за 2 циклус
    • Самоевалуација
    • ЕСРА Каталог МК
    • ESRA Catalog EN

    Интернационална соработка

    Picture

    Picture

    Picture

    Archives

    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    June 2017
    March 2017
    February 2017
    December 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014
    May 2014
    April 2014
    March 2014
    February 2014
    January 2014
    December 2013
    November 2013

    Categories

    All

    RSS Feed

✕