
Со овој документ се озваничи почетокот на соработката помеѓу двете институции и поконкретно ќе значи развивање на заеднички истражувачки активности, заедничка работа во стручни и научни проекти, заемно учество во работилници, професионални и академски средби. Исто така двете институции ќе учествуваат во заеднички промотивни проекти, продукциски проекти, проекти за развој и професионализација, организирање хуманитарни настани и проекти за развивање и промоција на општествената одговорност.
Ќе бидат организирани и дисперзирани студиски програми од сите катедри на двата Универзитети, ќе се организира е-учење, кое што ќе се однесува и на соработката со Универзитетите во Франција, Германија и Холандија со кои Универзитетот за аудиовизуелни уметности има потпишано договори за соработка, како и рускиот Универзитетот Державин со кој соработува Меѓународниот Славјански Универзитет.
Двете институции ќе го промовираат Фестивалот на Францускиот Филм, кој Универзитетот ЕСРА традиционално го организира, ќе учествуваат и во организација на Фестивалот на руската култура, кој го организира Меѓународниот Славјански Универзитет, а ќе се иницира и организација на Фестивал на современиот руски филм.