Наградата која викендов му беше врачена на Пројковски од претседателката на Хрватското здружение на драмски уметници, Перица Мартиновиќ, важи за највисока награда за театар во Република Хрватска. Се смета за едно од најважните и најреномираните признанија во целиот регион, а хрватските медиуми ја најавуваат како театарски Оскар. За доделувањето на наградите одлучуваше петчлено жири од истакнати театарски дејци.
Пројковски премиерно ја постави „Орестија“ нагодинешното 64-то по ред „Сплитско лето“ кое се одржа во август, на коешто се закити со главната награда за најдобро уметничко остварување - „ЈУДИТА“.