
Приказната за фотографот кој има невидлив посетител во станот ја воодушеви српската публика и жирито, а глумечкиот тандем Висар Вишка-Драгана Левенска беше спореден со легендарните Марчело Мастројани и Софија Лорен. Филмот викендов учествуваше и на Меѓународниот Филмски Фестивал во Хоф, Германија, а во ноември ќе биде прикажан во Тирана и во Њујорк.