
Според изјавата на жирито, наградата била доделена едногласно, а беше врачена од специјалниот гостин на фестивалот, легендарниот холивудски продуцент и режисер Мик Герис, кој е познат како режисер на култните хорор филмови "Sleepwalkers" по сценарио на Стивен Кинг, "Мува 2", "Критерс 2", серијата "The Stand" исто така според Стивен Кинг, и како продуцент на серијата "Мајстори на хоророт".
Инаку филмот досега беше прикажан на 18 фестивали низ целиот свет, и двапати беше во трка за најдобар краток фантастичен европски филм. Главните улоги ги толкуваат Висар Вишка и Драгана Левенска, а филмот е независна копродукција меѓу 6 филмски компании од Македонија.