
Индекси им беа дадени и на двајцата заеднички стипендисти на нашиот Универзитет и на Ракометниот клуб Металург, Маријан Јаневски (отсек камера) и Марко Ставридис (филмска монтажа). Јаневски и Ставридис во следните три години покрај студиите, ќе бидат практиканти во медиумскиот партнер на Металург, естрадниот магазин „Бекстејџ“, каде што ќе ги следат сите натпревари, активности и настани поврзани со РК Металург. Тие материјали ќе се користат како видео записи за потребите на видео порталот на Металург, „Металург ТВ“.
Повеќе фотографии на следниот ЛИНК.