До Ректорот, Прорекорот, Деканите, Професорите и Студентите на УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ Скопје (ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЕВРОПА ПРИМА)
Во врска со тековната вонредна состојба, Ве известувам дека од среда 25.03.2020 годќе започне да се одвива настава по сите предмети преку интернет врска со помош на софтверот „ZOOM“. Линкот ќе биде доставен до сите учесници во наставата прекуелектронска пошта од администраторот Александар Терпини, најдоцна до вторник 24.03.2020 год. Електронската порака ќе содржи упатство за начинот на кој што треба да го инсталирате софтверот „ZOOM“и како да се поврзете за непречено да ја следите наставата.
Кодот за следење на наставата на соодветниот предмет до студентите ќе биде испратен од наставниот професор.
Во случај на потешкотии при поврзувањето можете да ги контактирате професорите Милчо Узунов и Слободан Таневски или соодветните наставни професори.
Настава треба да се одвива во важечките термини од постоечкиот распоред, според распоред на часови кој беше истакнат на Универзитетот пред вонредната состојба.
Наставата е задолжителна за сите студенти и мора да се води евиденција за присутноста на студентите. Истата може да трае максимално 40 минути/ наставен час.
Ве молам за сериозност и одговорност и во овој тип настава, бидејќи присуството и учеството на студентите на online часовите на ниво на целиот универзитет ќе се оценува како неформално образоване со значителен удел во целокупната формална оцена на секој студент. Колкав ќе биде уделот дополнително ќе биде дефинирано според времетраењето на вонредните услови (што значи во најлош случај и несакани околности уделот може да биде и 100%).
Ви посакувам пријатна работа и добро здравје на сите,
Проректор за настава
Проф. Миле Петковски