
Во почетокот на овој месец во Ровињ се одржаа традиционалните фотографски денови. Овој пат за разлика од минатите години конкурсот беше Интернационален, а на него беа пријавени над 10.000 фотографии од 700 фотографи низ целиот свет, помеѓу кои се најде и студентот Зоран Шекеров со освоено четврто место во категоријата Документатна фотографија. И покрај тоа што доби награда, Зоран имаше прилика да присуствува во Ровињ и да биде дел од големата манифестација со многу изложби, работлници и предавања од познатиот американски фотограф и селектор на оваа изложба Тод Папаџорџ.