
- Ќе покриваме една хронологија од 70 години од првиот весник на македонски јазик, кој излезе на 29 октомври 1944 година. Ова е голем предизвик за сите професии што се студираат на нашиот факултет, а наедно и за нашите студенти, професори и за сите наши соработници во сферата на аудиовизуелните уметности да покријат една од највозбудливите авантури на модерната историска слика на Македонија - изјави Плевнеш.
Директорот на весникот Ратко Лазаревски изјави дека на „Нова Македонија“ ѝ е задоволство да учествува во ваков голем проект.
- Со овој проект ќе се направи добар спој на уметноста, од една страна на пишаниот збор и новинарскиот израз, а од друга страна на уметноста на фотографијата и филмот, уметноста на монтажата, на режијата. Поврзувањето на овие две институции ќе остави зад себе исклучително добро дело и нешто што ќе остане за иднината - изјави Лазаревски.