
Првата фаза се одржа во септември 2013 во Македонија, каде што студентите снимаа на ексклузивни локации во Преспа, Битола, Охрид и Скопје. Втората фаза ќе се одвива во Есен, Германија од 10 до 15 март, а третата завршна фаза од проектот ќе се реализира од 08 до 13 септември оваа година.
По завршувањето на филмот предвидено е негово емитување на француско-германскиот ТВ канал Арте.