
Како што е познато Маноел Де Оливеира беше прогласен за прв Doctor Honoris Causa на нашиот Универизитет во јануари 2008 година, а ја доби и престижната Светска награда за хуманизам, која ги продолжува традициите на Св. Климент Охридски, како основач на Првата школа на хуманизмот во Европа. Во неговата пристапна беседа на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и беседата во Охрид во Куќата на Уранија, тој за вечни времиња на духовен план ги поврза Македонија и Португалија, цитирајќи го класичниот поет на Португалската литература Луис Де Камоеш, кој во своето познато дело "Луисијади" од 16 век, го напиша бесмртниот стих "Реката Вардар и Македонија се извор на европската меморија".
Ректорот Јордан Плевнеш во име на Наставно-научниот совет на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, испрати сочувство до семејството на големиот португалски филмски мит Маноел Де Оливеира.