Почитувани,
Ве известуваме дека нашиот универзитет, согласно најновите мерки спроведени од страна на Владата по однос на состојбата со вирусот COVID – 19 ги превзема сите неопходни активности во интерес на општото здравје на студентите и наставниците.
Во таа насока, во тек се финалните подготовки за организирање на онлајн настава. Студентие ќе ги добијат потребните инструкции и ќе бидат известени за начинот и теримините на предавањата.
Нашиот универзитет доследно ќе ги почитува сите законски одредби и препораки и навремено ќе известува за сите промени, согласно развојот на настаните и насоките од страна на институциите.