Овогодинешни добитници на наградата „Клучевите на Преспа“ се академик Владо Матевски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје и потпретседател на МАНУ, и д-р Андраж Чарни, предавач и стручен соработник на Словенечката академија на науки и уметности. Наградата им се доделува за нивниот особен придонес во проучувањето на флората во Македонија, и особено за уникатната флора на планината Галичица, кое што публикувано во бројни научни публикации. Со тоа не само што ја збогатија сферата на своето специфично научно делување, туку и посредно го афирмираа и преспанскиот регион во еден поширок контекст.
Наградата на д-р Андраж Черни му беше врачена на 18.10.2016 г., во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА, Скопје, од страна на градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски, во присусво на истакнати личности од академскиот и општествениот живот на Р. Македонија. Воедно, во истата прилика од страна на градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕФТА - Скопје му додели специјално признание за културна промоција на општината. Признанието во име на Универзитетот го прими професорот Мето Јовановски.