Ново Лого на Универзитетот

Почетокот на втората учебна година на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ќе го одбележи и промената на логото на Универзитетот. Ректорската управа по консултација со дел од професорскиот тим и Управата за културно наследство на Република Македонија, реши како заштитен знак на Универзитетот да се земе ликот на фигурата на Дедал или Човекот со крилја, која што е пронајдена при археолошките истражувања на Плаошник во Охрид, под базиликите кои датираат од 5-6 век н.е.

FULL STORY
 
Втора година на Универзитетот

По успешниот старт на Универзитетот за аудиовизуелни уметности минатата година и одличните реакции на студентите и  професионалците од филмот и театарот кои што имале можност да се запознаат со нашата работа ние продолжуваме понатаму целејќи кон нови предизвици.

FULL STORY
 
Фестивалот на француски филм

Фестивалот на француски филм ќе ја поврзе Франција со Балканот. Валеро: оваа културна дипломатија ја ставаме во служба на македонската власт. Фестивалот на француски филм се затвори прексиноќа во амфитеатарот во Охрид во присуство на неколку големи имиња на францускиот филм, каде што на Лелуш му се придружи и еден од најангажираните француски автори Ив Боасе, потоа на бројни филмаџии од оваа земја кои дојдоа со своите филмови селектирани во главната програма на фестивалот, но и на гости од поширокиот регион.

FULL STORY
 
Со „Живот во розово“

 Со „Живот во розово“ се отвори Фестивалот на францускиот филм Центарот за култура во Охрид од 01-05.07.2008 год.беше домаќин на првиот Фестивал на француски филм, кој ја презентираше во градот на УНЕСКО најновата француска продукција и се обиде филмски да ја поврзе Франција со земјите од балканскиот регион.

FULL STORY
 
Премиера на „Ромео и Јулија“

Премиера на „Ромео и Јулија“ на Дејан Пројковски на „Охридско лето“. Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на црквата „Св. Софија“ на 25.07.2008 год.во 21 часот, премиерно беше изведена претставата „Ромео и Јулија“ на Турскиот театар од Скопје, во режија на Дејан Пројковски.

FULL STORY
 
<< Почеток < Предходно 11 12 13 Следно > Крај >>

Резултати 97 - 101 од 101

Adv

Актуелни Новости

5 стипендии за Аудиовизуелна заштита и архивистика

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА доделува 5 стипендии за новоформираната катедра по...

Нов оддел за ПАНТОМИМА на ЕСРА


Отворен конкурсот за постдипломски студии

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА...

Студентот на ЕСРА Томи Џуровски освои прва награда

Младиот стрип автор Томи Џуровски ја освои првата награда на конкурсот на канадската...

Заврши 8-мото издание на Актерот на Европа


Повеќе артикли

Анкета

Што би сакале да студирате на нашиот Универзитет?
 

Есра Групација

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк е во постојана и цврста соработка со ЕСРА групацијата, која постои и работи 35 години. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк. Цената на чинењето на студиите е иста како и за студирањето во Скопје. www.esra.edu

Наставен Кадар

Наставата на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ја изведуваат врвни професори од Македонија, но чести се и предавањата на визитинг професори. повеќе..>>

Ефа Продукција

Освен наставните програми, активностите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, преку својата ЕФА Продукција се насочени и кон изработка на документарни и играни филмски проекти, телевизиски емисии, како и организирање на воркшопови, фестивали, филмски ревии, театарски претстави, организирање на посети на големи имиња од светската театарска и филмска сцена итн. повеќе..>>