Тајната Книга на Фестивал за Европски Копродукции

На 2 Јуни во Софија, Р. Бугарија, во рамките на петнаесетото издание на Меѓународниот Фестивал на Европски Копродукции ќе биде прикажан филмот "Тајната книга" во режија на Владо Цветановски, а по сценарио на Љубе Цветановски и Јордан Плевнеш. Протагонисти во филмот се Жан Клод Кариер, Тиери Фремон и Лабина Митевска. За филмот "Тајната книга" критичарот Фиакра Гибонс на лондонски Guardian ја имаше следната констатација: “Македонскиот филм Тајната Книга е нашата длабока европска приказна и тој високо се издигнува над Кодот на Да Винчи со својата уметничка моќ”.

 

 
Прогласување на сајт на годината

На 1 Јуни (Вторник) во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, со почеток во 11 часот, во организација на Media Solutions и на системот за дигитален маркетинг Keep an Eye, ќе се одржи манифестацијата "Избор на Веб Сајт на Годината". Целта на оваа манифестација е да допринесе во развојот на интернет сајтовите и воопшто на интернетот во Македонија. Со доделувањето на овие признанија на луѓето и компаниите кои се посветиле и инвестирале во изработка на Веб сајтови и солуции за разни примени и кои со својата активност успеале од нив да направат неизбежни чинители во секојдневието на се поголем број Македонци, сметаме дека ќе допринесеме во понатамошниот прогрес и имплементација на интернетот во Македонија.

 

FULL STORY
 
Боро Драшковиќ Doctor Honoris Causa на Универзитетот ЕСРА

Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје, ќе го прогласи за Doctor Honoris Causa, едно од најголемите имиња на филмската и театарската режија од Југо-Источна Европа, Боро Драшковиќ (роден на 29.05.1935 во Сараево). Митската фигура на модерната филмска и театарска режија која ги одбележа капиталните естетички хоризонти на театарот и филмот на Балканскиот полуостров во втората половина на 20 век, на овој начин ќе биде вклучена во плејадата на имиња што Универзитетот за аудиовизуелни уметности досега ги прогласи за Doctor Honoris Causa како што се Маноел де Оливеира од Португалија, Клод Лелуш од Франција, Јиржи Менцел од Чешка и Шарл Азнавур. Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Г-динот Јордан Плевнеш ќе ја чита беседата по повод одлуката на наставно-научниот совет на Универзитетот да му биде доделено ова највисоко признание за исклучителното уметничко дело на Боро Драшковиќ. Истата вечер во присуство на авторот ќе биде прикажан филмот “Кујна” кој што имаше извонредно интернационално ехо на овој голем дух на европската уметност. Настанот ќе се одржи на 31 Мај (понеделник) со почеток во 20 часот во просториите на Кинотеката на Македонија. 

 
Премиера на претставата АРТ

Премиера на претставата АРТ од Јасмина Реза во режија на Ирена Стеријовска. Претставата е дел од дипломската работа на студентот од 3-та година по театарска режија Ирена Стеријовска. Претставата ќе се одржи на 27.05.2010 (четврток) со почеток во 16 часот во Драмски театар - мала сцена. Во претставата играат: Ненад Митевски - студент на 3-та година актерска игра на ФДУ, Никола Ацески - студент на 3-та година актерска игра ЕСРА, Александар Ѓоргиески - студент на 3-та година актерска игра ЕСРА.

FULL STORY
 
Делегација од Словачка во посета на ЕСРА

Делегација на Република Словачка предводена од Ректорот на Жилинскиот Универзитет и потпретседател на Ректорската заедница на Универзитетите на Словачка, придружени од Амбасадорт Робер Кирнаг, го посетија Универзитетот за аудиовизуелни уметности - Европска филмска и театарска академија и дискутираа за размена на студенти и професори со словачките Универзитети која ќе стартува со почетокот на следната година. Во исто време Амбасадорот Кирнаг му го врачи првиот примерок од изданието на драмата “Р” на Јордан Плевнеш на словачки јазик, во превод и со предговор на Словачкиот Академик Јан Јанкович, а во издание на издавачката куќа “Југа” од Братислава. Како што е познато “Р” е најизведуваната и најобјавуваната македонска драма во светот која неодамна доживеа нова праизведба во Градскиот Театар при МКЦ, во режија на Дејан Пројковски.

FULL STORY
 
Информации за SKOPJE DANCE ACADEMY

Скопје танцовата академија (СДА), ќе се отвори во склоп на Универзитетот ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк во Скопје од септември 2010. Наставата ќе ја предводи М-р Рисима Рисимкин, доцент, а ќе се изведува во соработка со престижната академија за современ танц од Холандија – Rotterdam Dance Academy (РДА).Визитинг професори од РДА ќе доаѓаат и ќе ја пренесуваат програмата на холандската академија, базирана на класичен балет (50%) и современ танц (50%), така што студентите ќе се здобијат со знаење и владеење на двете танцови техники, т.е.ќе се добие комплетна едукација на европско ниво.  

FULL STORY
 
КОНКУРС за запишување студенти

Врз основа на член 108 став 4  и член 110 став 4 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ број 35/2008), Универ­зи­тетот за аудиовизуелни уметности Европска филмска академија ЕСРА Париз -Њујорк - Скопје објавува  КОНКУРС за запишување студенти во прва година на прв циклус универзитетски студии на Универзитетот  за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА Париз - Њујорк - Скопје во учебната 2010/2011 година.

FULL STORY
 
<< Почеток < Предходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Резултати 9 - 16 од 101

Adv

Актуелни Новости

5 стипендии за Аудиовизуелна заштита и архивистика

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА доделува 5 стипендии за новоформираната катедра по...

Нов оддел за ПАНТОМИМА на ЕСРА


Отворен конкурсот за постдипломски студии

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА...

Студентот на ЕСРА Томи Џуровски освои прва награда

Младиот стрип автор Томи Џуровски ја освои првата награда на конкурсот на канадската...

Заврши 8-мото издание на Актерот на Европа


Повеќе артикли

Анкета

Што би сакале да студирате на нашиот Универзитет?
 

Есра Групација

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк е во постојана и цврста соработка со ЕСРА групацијата, која постои и работи 35 години. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк. Цената на чинењето на студиите е иста како и за студирањето во Скопје. www.esra.edu

Наставен Кадар

Наставата на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ја изведуваат врвни професори од Македонија, но чести се и предавањата на визитинг професори. повеќе..>>

Ефа Продукција

Освен наставните програми, активностите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, преку својата ЕФА Продукција се насочени и кон изработка на документарни и играни филмски проекти, телевизиски емисии, како и организирање на воркшопови, фестивали, филмски ревии, театарски претстави, организирање на посети на големи имиња од светската театарска и филмска сцена итн. повеќе..>>