|
Промоција на "Чевлички од челик" |
|
Во петок, 10.04.2009, со почеток во 12 часот во Мала Станица ќе се одржи промоција на првото издание на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, збирката драми “Чевлички
од челик”, чиј автор е нашата професорка по драматургија
Загорка Поп-Антоска Андовска.
|
|
FULL STORY
|
|
|
Студентите на ЕСРА дел од проектот за Човекови права |
Младите ги истражуваат човековите права во Македонија е шестмесечен
едукативен и процесно ориентиран проект со цел да ги зајакне капацитетите
на младите од средните училишта во Скопје, преку директнa пракса, да ги
истражат и промовираат човековите права и еднаквост во нивната заедница
и средина. Овој проект вклучува различни едукативни работилници за
човекови права, истражување на контекстот и определени случаи на
нарушување на човековите права во Македонија како и едукација за
одредени медиумски и уметнички алатки кои водат кон равој на нов и
активен пристап на социјална вклученост на младите преку неформална
едукација за човекови права базирана на уметност.
|
|
FULL STORY
|
|
|
Јиржи Менцел Doctor Honoris Causa на Универзитетот ЕСРА |
|
На 24 и 25 март гостин на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје, Кинотеката на Македонија и Амбасадата на Република Чешка, беше еден од најпознатите светски режисери Јиржи Менцел. На свеченоста која се одржа на 24 март во салата на Кинотеката, Менцел беше прогласен за Doctor Honoris Causa на Универзитетот ЕСРА, а беше прикажан и филмот "Строго контролирани возови", за кој што Менцел доби Оскар. Следниот ден Менцел одржа отворен час, на кој што покрај нашите студенти присуствуваа филмаџии, новинари и љубители на филмот кои што имаа единствена можност да му поставуваат прашање на кои што Менцел со задоволство одговараше. На повеќе може да видите и неколку фотографии од чинот на прогласувањето на Менцел за Doctor Honoris Causa. |
|
FULL STORY
|
|
|
Јиржи Менцел гостин на Универзитетот ЕСРА |
|
На 24 и 25 март (вторник и среда)
гостин на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, Кинотеката на Македонија и Амбасадата на Република Чешка ќе биде Јиржи
Менцел. Оваа активност е поддржана и од Националниот филмски архив
на Чешка со кој Кинотеката има извонредна соработка и кој ги отстапи филмовите
за прикажување.
Зе време на неговиот престој,
Менцел ќе биде промовиран во професор Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, а Кинотеката на Македонија ќе му додели Повелба за особен придонес во
светската кинематографија.
|
|
FULL STORY
|
|
|
Нови успеси на Културниот центар КВАРТЕТ |
|
Во периодот помеѓу 3 и 14 март Културниот центар КВАРТЕТ престојуваше во
Санкт Петерсбург (Руска Федерација) по покана на две театарски институции -
Балтиски меѓународен фестивалски центар и Музејот на Достоевски. На 5 март во
рамки на VII интернационален биенален фестивал на монодрама "Монокл",
на сцената на Балтиски Дом, Квартет се претстави со монодрамата
ЕЕГ-Електроенцефалограм, авторски проект на Ѓорѓи Јолевски и Театар КВАРТЕТ (во
копродукција со МНТ и ЕСРА) каде освои Специјална награда за разновидност во
начинот, пристапот и формата при создавањето на монодрамата како театрска
уметност, доделена од претседателот на Меѓународната асоцијација на фестивали
на монодрама, г-дин Валериј Хазанов, театрски критичар од Москва.
|
|
FULL STORY
|
|
|
Градскиот театар стартува со претставата "Р" |
Сцената на Градскиот театар Скопје, основан годинава во рамките на
Младинскиот културен центар ќе биде отворена за јавноста в сабота (20
часот), со претставата "Р" од Јордан Плевнеш. Ова е прва премиера на
новиот театар, а ќе биде изведена во режија на Дејан Пројкоски. Претставата
"Р" ("Драмски сон со стрелање во азбука во 15 слики") за стожерна тема
го има приватниот, семејниот и актерскиот живот на Максим Бродски,
актер на Народниот театар и син на Аврам "татко и Дух, учител и народен
непријател, стрелан на "Р". Авторот го открива Максим во мигот кога по
завршената претстава на сцената на Народниот театар го проба монологот
на Робеспиер од чуената Бихнерова драма "Дантеовата смрт", но веќе во
пренапрегната психичка и интелектуална состојба. Потоа, вешто
заменувајќи ги личностите и расположенијата, вешто мешајќи го
професионалното со приватното, приватното со семејното, приватното и
семејното со општественото, односно со бирократското и политичкото, го
доведува во Цирих на натпреварот "Актерот на Европа", каде и го
довршува неговото лудило...
|
|
FULL STORY
|
|
|
Македонија во срцето на светската поезија |
|
Во организација на Универзитетот Сорбона, Фестивалот Поетска пролет и Универзитетот
за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, на Сорбона, еден од
најстарите и најпрестижните Универзитети во Европа утре, на 10-ти март, ќе се
одржи манифестацијата “Македонија
во срцето на светската поезија” на која ќе настапи плејада на најзачајните француски поети меѓу кои и
трите добитници на Златен венец на Струшките Вечери на Поезијата Yves
Bonnefoy, Adonis и Vasco
Graca Moura.
|
|
FULL STORY
|
|
|
|
<< Почеток < Предходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
| Резултати 65 - 72 од 101 |