|
Филмот "Stop Piracy" на Фестивалот Crominute |
|
Филмот "Stop Piracy" на студентот по режија Марко Црногорски учествуваше на Хрватскиот фестивал за едниминутен филм "Crominute" во Пожега. Покрај режисерот Марко Црногорски во изработката на филмот учествуваа и студентите на ЕСРА Александар Ѓорѓиески, Никола Ацески, Јана Пауновска, Владо Димоски, Јордан Камберски, Петар Јовановски и Владимир Аговски. Повеќе информации околу фестивалот има и на хрватскиот портал croatia.org.
|
|
FULL STORY
|
|
|
Започнаа уписите за нови студенти на ЕСРА |
|
Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк започна со уписите за нови студенти за учебната 2009/2010 година. Уписите траат до 27.09.2009 година. Сите заинтересирани кандидати можат потребните информации да ги најдат на нашиот сајт, на тел. 02 3061-543 или лично во просториите на Универзитетот. Во прилог следи и конкурсот за упис. |
|
FULL STORY
|
|
|
Оваа сабота, 16.05.2009, на популарната
Школка во Градскиот парк, во периодот помеѓу 13.00 и 01.00 часот, во
организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска
академија, ЕСРА Париз–Скопје-Њујорк, ќе се одржи хепенингот насловен како “Пролетен ден со ЕСРА”. |
|
FULL STORY
|
|
|
Промоција на филмови- Лавиринт,Urgent и Црно,Бело,Црвено |
|
Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА Скопје и проектот "Младите ги истражуваат човековите права во Македонија" Ве покануваат да
ја проследите промоцијата на трите кратки филмови „Лавиринт“, „Urgent”
и „Црно, Бело, Црвено“ кои претставуваат производ на шестмесечниот
едукативен и процесно ориентиран проект (декември, 2008- мај, 2009)
реализиран од страна на млади-средношколци од четири средни училишта на
град Скопје. Кратките филмови ќе се промовираат во просториите на Кинотека на Македонија, на 15.05.2009, петок со почеток од 12.30 часот. |
|
FULL STORY
|
|
 На 9ти мај, во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности
ЕСРА Скопје, ќе се одржи Отворен ден на ЕСРА, каде што ќе бидат
промовирани новите ТВ и Аудио студија. Воедно ќе се одржи проекција на
филмови и изложба на фотографии од студенти на ЕСРА, а ќе бидат
доделени и плакети "Златен Дедал" на истакната личности за достигнување
во областа на културата и уметноста.
|
|
FULL STORY
|
|
|
На 5-ти мај стартува првиот приемен рок на ЕСРА |
|
На 5-ти мај стартува првиот приемен рок на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк и истиот ќе трае до 15-ти мај. Сите студенти кои што ќе се пријaват во мај добиват попуст од 5%. Следните рокови за пријавување се вториот 5-15 јуни, третиот од 5-15 август, и четвртиот од 1-10 септември.
|
|
FULL STORY
|
|
|
Универзитетот ЕСРА партнер на Скопје Филм Фестивал |
|
Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, ќе биде партнер на овогодинешниот Скопски Филмски Фестивал. Имено во рамките на фестивалот во периодот помеѓу 25 и 27 април ќе се одржи работилница која што ќе ја води познатиот македонски режисер кој живее и работи во Чешка Иво Трајков. На работилницата свое учество ќе може да земат студенти на ЕСРА, но и студенти на ФДУ. Целта е учесниците за три дена да направат филм. Универзитетот за успешната реализација на работилницата на учесниците на располагање ќе им ги стави своите просторни и технички ресурси, како и помошта и советите на своите професори и вработени. |
|
FULL STORY
|
|
|
|
<< Почеток < Предходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
| Резултати 57 - 64 од 101 |