Уписи за нови студенти на Универзитетот ЕСРА

Почитувани идни студенти, Ве информираме дека во периодот од 25-ти Август до 10-ти Септември ќе се вршат пријавувањата за нови студенти на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк. Покрај досегашните катедри ќе се примаат студенти и на три нови акредитирани катедри за прв пат во Македонија...

 

FULL STORY
 
ЕСРА партнер на Mitrovica Rock School

Од 23 до 28 август во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк ќе се одржи втората по ред Летна Рок Школа од Митровица, а истата ќе финишира со концерт на 28 август на локацијата Школка во Градскиот парк.

На концертот, млади рок музичари од Митровица, Косово, ќе ни ги претстават песните кои ќе ги вежбаат во нови бенд формации во текот на Летната школа (како дел од Рок школата на Митровица). Еднаш годишно, студентите на Рок школата од Северна и Јужна Митровица доаѓаат заедно во Скопје за да ги унапредат своите музички вештини, да учат едни од други и да ги надминат предрасудите.


FULL STORY
 
Претставата "Браќа Карамазови" со Златна маска

ПОЗНАТИ ЛАУРЕАТИТЕ НА ГОДИНАШНИВЕ ЗЛАТНИ МАСКИ
Одличјата за Дранговски и петте прилепски грации

Актерот Огнен Дранговски од Битолскиот театар за улогата на Аљоша Карамазов во претставата Браќа Карамазовии, режирана од Дејан Пројковски, професор по театарска режија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА и комплетната женска екипа од претставата Крпен животт на НТ Војдан Чернодрински од Прилеп, а во режија на Владо Цветановски: Наташа Наумоска, Марија Спиркоска Илијески, Даниела Стојковска, Катерина Чакмакоска, Јасмина Мицоска Станкоска, се годинашниве лауреати на традиционалната Златна маска што Редакцијата ВЕЧЕР ја доделува за најдобра женска и машка улога на театарскиот дел од Фестивалот Охридско лето.

FULL STORY
 
Успешно одржано 7 издание на Актерот на Европа

Минатата недела во периодот од 06 до 11 јули по седми пат во духот на културната соработка меѓу Македонија, Албанија и Грција, трите народи и трите јазици кои што се говорат во Преспанскиот регион, а под мотото “Езеро без граници” во Сарајот во Ресен се одржа Интернационалниот театарски фестивал “Актерот на Европа”. Фестивалот беше отворен со проекција на три краткометражни филмови од македонски, грчки и албански автори, а во посебното обраќање на Претседателот на Република Македонија Г-динот Ѓорге Иванов беше навестена можноста токму “Актерот на Европа” и Преспанското Езеро да бидат место на средба на претседателите на Македонија, Албанија и Грција при неговото следно издание во 2010 година.

 

FULL STORY
 
Актерот на Европа по 7-ми пат во Ресен

Од 06.07 до 11.07.2009 ќе се одржи 7-миот интернационален театарски фестивал Актерот на Европа. Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани 7 претстави и тоа Минхаузен од Хрватска, “Ноќта” од португалскиот нобеловец Жозé Сарамаго во изведба на Театарската трупа “Камоиш” при Филолошкиот факултет од Скопје, Кројцерова соната на Народниот театар Штип, Театри и последици на Миремонт Рожер од Франција, Среќен роденден на Додона Театар од Косово, Ништо поубаво на Модерен театар од Бугарија и Незавршена приказна на Градски театар Скопје.

 

FULL STORY
 
Шарл Азнавур Doctor Honoris Causa на Универзитетот ЕСРА

На 2-ри Јули гостин на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк ќе биде легендата на светската музика и филм Шарл Азнавур. Повод за гостувањето е неговото прогласување за Doctor Honoris Causa на нашиот Универзитет. Свеченоста ќе се одржи во салата на Кинотека на Макеоднија.


FULL STORY
 
Вториот уписен рок на ЕСРА од 5 до 15 јуни

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк започна со уписите за нови студенти за учебната 2009/2010 година. Уписите траат до 27.09.2009 година. Сите заинтересирани кандидати можат потребните информации да ги најдат на нашиот сајт www.esra.com.mk, на телефонот 02 3061-543 или лично во просториите на Универзитетот. Првиот уписен рок заврши усшешно и веќе имаме 20-тина запишани студенти. Вториот уписен рок на ЕСРА е од 5 до 15 јуни. Во прилог следи и конкурсот за упис.

FULL STORY
 
<< Почеток < Предходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Резултати 49 - 56 од 101

Adv

Актуелни Новости

5 стипендии за Аудиовизуелна заштита и архивистика

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА доделува 5 стипендии за новоформираната катедра по...

Нов оддел за ПАНТОМИМА на ЕСРА


Отворен конкурсот за постдипломски студии

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА...

Студентот на ЕСРА Томи Џуровски освои прва награда

Младиот стрип автор Томи Џуровски ја освои првата награда на конкурсот на канадската...

Заврши 8-мото издание на Актерот на Европа


Повеќе артикли

Анкета

Што би сакале да студирате на нашиот Универзитет?
 

Есра Групација

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк е во постојана и цврста соработка со ЕСРА групацијата, која постои и работи 35 години. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк. Цената на чинењето на студиите е иста како и за студирањето во Скопје. www.esra.edu

Наставен Кадар

Наставата на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ја изведуваат врвни професори од Македонија, но чести се и предавањата на визитинг професори. повеќе..>>

Ефа Продукција

Освен наставните програми, активностите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, преку својата ЕФА Продукција се насочени и кон изработка на документарни и играни филмски проекти, телевизиски емисии, како и организирање на воркшопови, фестивали, филмски ревии, театарски претстави, организирање на посети на големи имиња од светската театарска и филмска сцена итн. повеќе..>>