Претпремиера на Вистинска приказна за Хансел и Гретел

На 11-ти октомври, недела, со почеток од 20.00 часот, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи претпремиерата на краткиот анимиран филм “Вистинска приказна за Хансел и Гретел”, во режија на Гоце Цветановски. Проектот е во продукција на "Македонска крепост" и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија, Министерството за култура на Република Македонија, а во неговата продукција помогна и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА. Филмот е инспириран од приказната за Јованче и Марика, но тргнува од идејата дека децата не успеале да сe спасат од вештерката, туку таа ги претвора во монструозни суштества:

FULL STORY
 
Светска коференција за иднината на Зелената планета

Ректорот на Универзитетот за аудиовизулени уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк во својство на Потпретседател на Интернационалниот комитет за дијалог помеѓу цивилизациите на УНЕСКО, учествуваше на Светската коференција за иднината на Зелената планета, која што се одржа во палатата на Обединетите Нации во Женева од 30.09 до 01.10.2009 година. На Светската конференција која започна со симболичко садење на дрво пред Интернационалниот центар за конференции во паркот на Женевското езеро, од страна на Реми Пагани, Градоначалник на Женева, учествуваа голем број на Претседатели на држави, Министри и Претседатели на различни меѓународни научни институции и невладини организации.


FULL STORY
 
Siyah Kalem на Фестивал во Каиро

Голем успех на Турскиот театар од Скопје. Претставата Siyah Kalem ќе учествува на престижниот Интернационален фестивал во Каиро.

Со одлука на Интернационалното жири во кое членуваат видни театарски дејци од целиот свет на 21-вото издание на престижниот Интернационален театарски фестивал во Каиро е избрана претставата на Турскиот театар од Скопје “Siyah Kalem” по текст на Илхами Емин и Јордан Плевнеш, а во режија на Владо Цветановски. Главниот актер на претставата Елеса Касо ја доби наградата за најдобра машка улога на Фестивалот Војдан Чернодрински 2009.

 

FULL STORY
 
Планета Баир во Њујорк

Документарниот филм “Планета Баир” во режија на Константин Плевнеш, по сценарио на Марија Стојчевска, a во продукција на ЕФА и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, ќе биде прикажуван во периодот од 16 то 19 Септември со две проекции дневно во Македонскиот културен центар во Њујорк.

FULL STORY
 
Прв студентски час на Универзитетот ЕСРА

На 15.09.2009 во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк и Кинотеката на Македонија се одржа првиот студентски час на кој покрај новозапишаните студенти присуствуваа и студенти од првите две генерации, родители и пријатели на институцијата. Особена чест беше и присуството на Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кому добредојде му пожели Ректорот на Универзитетот Г-динот Јордан Плевнеш. Градоначалникот во својот говор на студентите им посака успешна учебна година и одлични резултати.

 

FULL STORY
 
Стартува новата академска година на ЕСРА

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, како прв приватен Универзитет од овој вид во Македонија и Југо-Источна Европа, на 15-ти септември, во 11 часот во Кинотеката на Републикa Македонија ќе организира свечена академска церемонија по повод почетокот на учебната 2009/2010 година за сите студенти од петте факултети на овој високо-образовен мост меѓу Македонија, Европа и САД.

FULL STORY
 
"Интернационални беседи за Прличев" по десетти пат

Во 2000-та година на иницијатицва на Г-динот Јордан Плевнеш, Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, започна една од најблагородните манифестации на интернационализацијата на великанот на македонската книжевност Григор Прличев во неговата спомен куќа во Охрид. Прв говорник беше францускиот поет Жан Ложие, познат по неговите Беседи за Прличев на париската Сорбона, а потоа следуваа поети од Канада, Белгија, Русија, Албанија, Бугарија, Шпанија итн.


FULL STORY
 
<< Почеток < Предходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Резултати 41 - 48 од 101

Adv

Актуелни Новости

5 стипендии за Аудиовизуелна заштита и архивистика

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА доделува 5 стипендии за новоформираната катедра по...

Нов оддел за ПАНТОМИМА на ЕСРА


Отворен конкурсот за постдипломски студии

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА...

Студентот на ЕСРА Томи Џуровски освои прва награда

Младиот стрип автор Томи Џуровски ја освои првата награда на конкурсот на канадската...

Заврши 8-мото издание на Актерот на Европа


Повеќе артикли

Анкета

Што би сакале да студирате на нашиот Универзитет?
 

Есра Групација

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк е во постојана и цврста соработка со ЕСРА групацијата, која постои и работи 35 години. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк. Цената на чинењето на студиите е иста како и за студирањето во Скопје. www.esra.edu

Наставен Кадар

Наставата на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ја изведуваат врвни професори од Македонија, но чести се и предавањата на визитинг професори. повеќе..>>

Ефа Продукција

Освен наставните програми, активностите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, преку својата ЕФА Продукција се насочени и кон изработка на документарни и играни филмски проекти, телевизиски емисии, како и организирање на воркшопови, фестивали, филмски ревии, театарски претстави, организирање на посети на големи имиња од светската театарска и филмска сцена итн. повеќе..>>