По повод 100 годишнината од раѓањето на Никола Вапцаров, Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, организира свечена академија, посветена на великанот на балканската и светската поезија.
“Светскиот поет Вапцаров, феномен без граници”
Ораториум во режија на Дејан Пројковски, професор на Универзитетот ЕСРА и Александар Илиев, професор на НАТФИЗ Софија. Учествуваат Ѓорѓи Јолевски, Бранко Ѓорчев, Дејан Лилиќ, Роберт Велјановски, Катерина Коцева, Ана Кафкалевска и студентите од Универзитетот ЕСРА, а ќе бидат рецитирани негови стихови на македонски, бугарски и повеќе европски јазици. Композитор на перформансот е Горан Трајкоски.
Во периодот од 28.11.2009 до
08.12.2009 реномираниот професор Д-р Роберт Саздов од Универзитетот во Лимерик,
Ирска, ќе одржи workshop со серија предавања и
презентации на тема “Cinema for the ears”.
Во периодот од 02 до 04 декември на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ќе се одржи конференцијата за танц со наслов: "СОВРЕМЕНИОТ ТАНЦ
(КУЛТУРА) КАКО ФАКТОР НА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ОПШТЕСТВОТО".
Оваа конференција е поддржана од Амбасадата на Кралството
Холандија во Република Македонија и партнери на Интерарт културен центар.
Во рамките на оваа конференција ќе се говори за
поврзаноста на современиот танц (култура) со социјалниот аспект на општеството
во транзиција и потребата од влијание за понатамошно менување на уметничкиот и
менаџерскиот склоп во свеста на секој поединец.
На 4 декември на престижната чешка филмска академија FAMU предавање ќе одржи младиот македонски режисер Константин Плевнеш. Во рамките на предавањето ќе бидат прикажани двата документарни филма на Плевнеш "Планета Баир" и "Заборавените", а ќе бидат прикажани и филмовите "Земјата без леб" и "Заборавените" од Луис Буњуел кои што всушност му беа инспирација на Плевнеш при изработката не неговите филмови.
Во специјалното
издание на најтиражниот француски весник "Ла круа“ (9 ноември 2009) по повод 20-годишнината
од падот на Берлинскиот ѕид, објавен е книжевно-политичкиот есеј на македонскиот
писател Јордан Плевнеш, посветен на иднината на Балканот во заедничкиот
европски дом. Во него е најавен интернационалниот форум “Падот на берлинскиот ѕид низ призмата на романот Осмото светско чудо од Јордан Плевнеш” што Институтот за
македонска литература во соработка
со МАНУ и Универзиотетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Парис-Скопје-Њујорк ќе
го организира на 20 и 21 ноември во Кинотеката на Македонија во Скопје.
На 05.11.2009 свечено беше отворена Седмата по ред Северноамериканско –
Македонска конференција на Универзитетот во Солт Лејк Сити во државата Јута со
обраќање на организаторите на овој значаен собир, Акад. Виктор Фридман од
Универзитетот во Чикаго и Проф. Д-р. Џеин Хекман од Универзитетот во Солт Лејк
Сити.
На 03 Ноември во Los
Angeles се одржа средба помеѓу Ректорот на Универзитетот за
аудиовизуелни уметности, ЕСРА Париз–Скопје–Њујорк, Г-динот Јордан Плевнеш и
Потпретседателот на Американскиот Филмски Институт од Холивуд, Г-динот Joe Petricca. Американскиот Филмски Институт е престижна академска институција во доменот
на филмските и театарските уметности, низ чие четриесет годишно постоење
поминале врвни имиња на американскиот и светскиот филм и театар.
Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк е во постојана и цврста соработка со ЕСРА групацијата, која постои и работи 35 години. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк. Цената на чинењето на студиите е иста како и за студирањето во Скопје. www.esra.edu
Наставен Кадар
Наставата на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ја изведуваат врвни професори од Македонија, но чести се и предавањата на визитинг професори. повеќе..>>
Ефа Продукција
Освен наставните програми, активностите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, преку својата ЕФА Продукција се насочени и кон изработка на документарни и играни филмски проекти, телевизиски емисии, како и организирање на воркшопови, фестивали, филмски ревии, театарски претстави, организирање на посети на големи имиња од светската театарска и филмска сцена итн. повеќе..>>