Women’s Rights Nights

‘Вечери на женските права’ е фестивал организиран од канцеларијата на УНИФЕМ (Развоен фонд за жени на Обединетите Нации) во Скопје, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, за одбележување на меѓународниот ден на жената 8ми Март и 30 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW). На фестивалските вечери ќе бидат прикажани 4 филмови кои презентираат различни приказни на жени. Истите ќе бидат проследени со дискусии на поврзани теми кои ќе имаат за цел да ја развијат свеста за статусот на правата на жените и предизвиците со кои сме соочени во остварувањето на родова рамноправност на сите нивоа. Фестивалот истотака ќе ја вклучи изложбата “Каде одиме?” изработена од студентите на ЕСРА во соработка со студентите на родови студии, која прави паралела на искуствата на жените и правата загарантирани со CEDAW. Настанот ќе биде затворен на 8ми Март со забава и коктел. Влезот е слободен за сите фестивалски настани.

FULL STORY
 
Фотографии од претставата "Play Beckett"

Фотографии од премиерната изведба на претставата

"Play Beckett",

07 февруари 2010, Драмски театар

FULL STORY
 
Премиера на филмот “Red Carpet” на Макс Азуле

Во петок, 12.02.2009, со почеток во 19.00 часот, во Кинотеката на Македонија, господинот Макс Азуле, основач и претседател на групацијата ЕСРА и претседател на Францускиот филмски фестивал во Охрид, ќе ја има македонската премиер на својот најнов краток игран филм “Red Carpet”. Главните улоги во филмот ги толкуваат американската актерка Кармен Чаплин и француската актерка Сирнел Дбреј.

 
Премиера на претставата "Play Beckett"

Првата дипломска генерација од  Универзитетот  за аудиовизуелни уметности, ЕСРА Париз–Скопје–Њујорк, од катедрата за актерска игра во третa година, во класата на Ѓорѓи Јолевски, ќе ја изведе испитната претстава "Play Beckett" според творештвото на ирскиот нобеловец Самјуел Бекет. Претставата ќе биде изведена на 07 февруари (недела) 2010 година во 20 часот на големата сцена на Драмски Театар – Скопје. Истата претстава студентите од трета  година по актерска игра од ЕСРА ќе ја изведат следниот ден на 08 февруари во 20 часот во Детскиот Театарски Центар кој се наоѓа во старата Скопска чаршија. Со претставата "Play Beckett", студентите  по актерска игра  во класата на Ѓорги Јолевски ќе гостуваат на три фестивали во Франција и тоа: На Универзитетот во Арас, Националниот конзерваториум за драмска уметност во Руан и на Фестивалот (ACTEA во Кан).

FULL STORY
 
Премиера на претставата "На отворено"

На 3.02.2010 во Детскиот театарски центар ќе се одржи премиерата на претставата “На Отворено”, текст на Славомир Мрожек, во режија на Андреј Цветановски и Ирена Стеријовска, студенти по театарска режија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА. Повеќето студенти кои учествуваат во овој проект и припаѓаат на првата генерација на Универзитетот. Со оваа претстава официјално се отвора академската сцена на ЕСРА која ќе претставува медиум преку кој ќе се изразуваат студентите и нивните уметнички креации.

 
FULL STORY
 
Премиера на филмот "За ферџето и за среќата"

На 22.01.2010 во салата на Кинотека на Македонија, со почеток во 20.00 часот ќе се одржи премиера на краткиот игран филм во режија на Гоце Цветановски "За ферџето и за среќата".  Филмот е сниман во продукција на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Македонска Крепост  и Tomay Production. Сценариото е на Мајкл ДиАнтони, музиката е на групата Љубојна, а главните улоги ги толкуваат Валдета Исмаили, Роберт Ристов и Мајкл ДиАнтонио. Директор на фотографија е професорот по филмска и ТВ камера на Универзитетот ЕСРА Горан Наумовски., а покрај него во снимањето учествуваа и студенти од Универзитетот.

FULL STORY
 
На иницијатива на ЕСРА - Рави Шанкар во Македонија

Ин­дис­ки­от композитор, хуманист и филозоф Рави Шанкар, жива легенда во светската музика, заедно со неговите две ќерки, ситаристката Анушка Шан­кар и кантавторката Нора Џонс, на 9 август ќе дојдат во Охрид каде што ќе одржат концерт на фестивалот Охридско лето. Претходно во Скопје ќе би­де прогласен за почесен доктор на науки на Универзитетот за ау­ди­о­ви­зу­ел­ни уметности ЕСРА Париз - Скопје - Њујорк, а во Охрид, на 9 август, на праз­ни­кот Св. Климент и Пантелејмон ќе му биде врачена Светската наг­ра­да за хуманизам на Охридската академија на хуманизмот за 2010 го­ди­на.

FULL STORY
 
<< Почеток < Предходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Резултати 25 - 32 од 101

Adv

Актуелни Новости

5 стипендии за Аудиовизуелна заштита и архивистика

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА доделува 5 стипендии за новоформираната катедра по...

Нов оддел за ПАНТОМИМА на ЕСРА


Отворен конкурсот за постдипломски студии

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА...

Студентот на ЕСРА Томи Џуровски освои прва награда

Младиот стрип автор Томи Џуровски ја освои првата награда на конкурсот на канадската...

Заврши 8-мото издание на Актерот на Европа


Повеќе артикли

Анкета

Што би сакале да студирате на нашиот Универзитет?
 

Есра Групација

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк е во постојана и цврста соработка со ЕСРА групацијата, која постои и работи 35 години. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк. Цената на чинењето на студиите е иста како и за студирањето во Скопје. www.esra.edu

Наставен Кадар

Наставата на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ја изведуваат врвни професори од Македонија, но чести се и предавањата на визитинг професори. повеќе..>>

Ефа Продукција

Освен наставните програми, активностите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, преку својата ЕФА Продукција се насочени и кон изработка на документарни и играни филмски проекти, телевизиски емисии, како и организирање на воркшопови, фестивали, филмски ревии, театарски претстави, организирање на посети на големи имиња од светската театарска и филмска сцена итн. повеќе..>>