Година на бугарската култура во Македонија

По неодамнешниот престој на група професори и студенти од Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА во поголем број филмски и театарски институции во Бугарија, на 3 мај во 18.00 часот ќе започне серијата на културни настани што ќе ја одбележат годината на бугарската култура во Македонија. Имено прв културен настан ќе биде портретот на бугарскиот романсиер Виктор Пасков (1949–2009) и неговиот роман “Балада за Георг Хениг”, капитално дело на современата бугарска проза, кој што неодамна беше објавен на македонски јазик.

FULL STORY
 
Skopje Dance Academy дел од ЕСРА

Во рамките на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од септември 2010 година ќе започне да функционира студиската програма за современ танц Skopje Dance Academy. Програмата ќе ја води професор доцент Рисима Рисимкин, а ќе се одвива во соработка со престижната Rotterdam Dance Academy од Холандија. Наставниот план ќе се одвива според програмите на РДА, со визитинг професори од Холандија. Ќе се отвораат можности за соработка помеќу двете академии на повеќе нивоа, како размена на студенти, учество на аудиции во Холандија и работа со холандски кореографи.

 

FULL STORY
 
Одбележување на 200 години од раѓањето на Шопен

Во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и Градската Библиотека "Борка Талески" на 27.04.2009 во просториите на Библиотеката во Прилеп, со почеток во 18.00 часот, ќе се одржи настан по повод одбележувањето на 200 годишнината од раѓањето на Шопен. Во рамките на настанот ќе биде презентиран Универзитетот ЕСРА, ќе бидат изведени музички дела од Шопен, ќе се отвори изложба на фотографии од животот на Шопен и ќе биде прикажан филмот "Имагинарно пријателство во градот на Кафка" од Константин Плевнеш.

FULL STORY
 
Предавања на Плевнеш на француските Универзитети

Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Пaриз-Скопје-Њујорк, Г-динот Jордан Плевнеш, во периодот од 18 до 30 март ќе одржи серија предавања на француските Универзитети Сорбона во Париз, Универзитетот во францускиот град Мо и Универзитетот во Каркасон на тема: “Местото на Македонија во трезорите на европската култура”. На предавањата ќе биде промовирана и првата книга од едицијата “Suma Plevnesiana” објавена на македонски, француски и англиски јазик, чиј што автор е претседателот на МАНУ, Г-динот Старделов. Во исто време Плевнеш ќе потпишува примероци од неговиот роман “Осмото светско чудо”, во издание на престижната куќа Table Ronde Gallimard.

 
Академик Матеја Матевски на Универзитетот ЕСРА

Академик Матеја Матевски, поет со светско реноме, носител на највисоки национални и меѓународни признанија на 12ти март, со почеток во 11.00 часот ќе биде гостин на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк. Неговиот импозантен поетски, препејувачки и есеистички опус ќе биде тема на проучување на студентите од сите факултети при Универзитетот. Потоа за антологијата на аудиовизуелната меморија на Македонија што ја подготвува Универзитетот ќе ги сними двете антологиски песни од неговиот опус “Кога одевме во Стамбол” и песната “Неверна жена” од Федерико Гарсија Лорка во негов препев. Антологијата на аудиовизуелната меморија ќе продолжи со истакнати имиња од културното и научното творештво.

 
Советување за Аудиовизуелната меморија на Македонија

На 5-ти март, со почеток во 11 часот, во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, ќе се одржи советување на тема “Дигитализација на културното наследство и аудиовизуелната меморија во Република Македонија”. Воедно ќе се промовира и новата катедра за Аудивизуелна заштита и архивистика која ќе биде прва и единствена од ваков вид во Македонија, како и книгата “Ризница на македонската колективна меморија” на познатиот телевизиски документарист М-р Мишо Нетков.

FULL STORY
 
Месец на франкофонијата во Македонија

По повод одбележувањето на 40 годишнината од постоењето на Меѓународната организација на франкофонијата, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ESRA, во соработка со Францускиот културен центар на 5 март 2010 (петок), со почеток во 19 часот, во Кинотеката на Македонија ќе ја организира официјална прослава, која што воедно ќе значи и претставување на "Месецот на франкофонијата во Македонија"

За време на прославата свои обраќања ќе имаат Г-динот Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија, Г-динот Жан-Клод Шлумберже, Амбасадор на Франција и Г-динот Јордан Плевнеш, Ректор на Универзитетот ЕСРА.

FULL STORY
 
<< Почеток < Предходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Резултати 17 - 24 од 101

Adv

Актуелни Новости

5 стипендии за Аудиовизуелна заштита и архивистика

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА доделува 5 стипендии за новоформираната катедра по...

Нов оддел за ПАНТОМИМА на ЕСРА


Отворен конкурсот за постдипломски студии

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА...

Студентот на ЕСРА Томи Џуровски освои прва награда

Младиот стрип автор Томи Џуровски ја освои првата награда на конкурсот на канадската...

Заврши 8-мото издание на Актерот на Европа


Повеќе артикли

Анкета

Што би сакале да студирате на нашиот Универзитет?
 

Есра Групација

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк е во постојана и цврста соработка со ЕСРА групацијата, која постои и работи 35 години. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк. Цената на чинењето на студиите е иста како и за студирањето во Скопје. www.esra.edu

Наставен Кадар

Наставата на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ја изведуваат врвни професори од Македонија, но чести се и предавањата на визитинг професори. повеќе..>>

Ефа Продукција

Освен наставните програми, активностите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, преку својата ЕФА Продукција се насочени и кон изработка на документарни и играни филмски проекти, телевизиски емисии, како и организирање на воркшопови, фестивали, филмски ревии, театарски претстави, организирање на посети на големи имиња од светската театарска и филмска сцена итн. повеќе..>>