| Ефа Продукција |
|
|
|
|
Еден од најатрактивните настани кој што за прв пат се одржа во јули 2008 и кој што полека прераснува во традиционална манифестација е Фестивалот на Француски Филм во Охрид. Во склоп на фестивалот почесната наградата му беше доделена на Клод Лелуш, кој што со своето присуство како добитник на Оскар, Златна Палма и уште многу други значајни награди ја збогати целата манифестација и побуди голем интерес не само на филмската јавност, туку неговото присуство одекна во сите медиуми, а беше доделена и наградата “Златна маска”. Во текот на изминатата година Продукцијата на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во соработка со продукцијата “Македонска Крепост” го изработи и документарниот филм “Македонскиот јазик во глобалниот свет”. Прикажувањето на филмот ќе биде дел од мултимедијалниот проект “Македонскиот јазик во глобалниот свет”, кој во првата фаза ќе се случува низ градовите во Република Македонија, а потоа и низ сите поголеми светски центри.
Дел од останатите проектите реализирани во изминатиот период се: - “Прослава по повод 100 години од раѓањето на великанот Кочо Рацин 1908–1943–2008” - Организација на министерска конференција "Културата и аудиовизуелните комуникации - Вектор на мирот и европската иднина во земјите од Југо-Источна Европа" - “Гостување на Јиржи Менцел” (со предавања и ревија на негови филмови) - Снимање на документарниот проект "Археолошките знаци на Македонија", серија од дваесет, пет минутни стории за најзначајните македонски археолошки локалитети - “Фестивал на Францускиот Филм” во Охрид, јули 2009, каде што присуствуваше Шарл Азнавур, кој оваа година е добитник на највисокото признание на Фестивалот, награда за животно дело.
Контакт: ЕФА Продукција |



