Услови на Студирање PDF Испечати E-Mail

 

Универзитетот за аудиовизуелни уметности врши образовна дејност низ студии од прв циклус, со што студентот стекнува 180 ЕКТС и соодветно звање од областа (дефинирано во Diploma Supplement) - BA (Bachelor of Arts). Покрај комплетно обезбедената настава во сите три години од школувањето (шест семестри) на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, студентите по сопствена желба имаат можност да одберат настава и во Франција. Всушност, Универзитетот и ЕСРА Франција на студентите од прв циклус им нудат школување (во третата година на студиите) на ЕСРА Франција со траење од два семестри. За да можат да ја одберат оваа опција, студентите треба да ги имаат положено сите испити од првите четири семестри и да имаат познавања од францускускиот јазик соодветно на студиската програма.

Со студиите од втор циклус, т.е. магистерски студии од областа на уметностите студентот ќе стекне 120 кредити, кои кога ќе се придодадат на 180-те од првиот циклус ќе бидат 300 кредити, со стекнување на звање (дефинирано во Diploma Supplement) – MA (Master of Arts).

Воедно, Универзитетот подготвува и специјалистички студии во траење од една година, односно 60 ЕКСТ, со што студентот ќе се стекне со 240 кредити и звање (дефинирано во Diploma Supplement) – специјалист.

Универзитетот има во план акредитирање и на студии од трет циклус, кои носат додатни 180 кредити, што придодадено на кредитоте од прв и втор циклус (заедно 300 ЕКТС) формира збир од 480 кредити што одговара на звање доктор (дефинирано во Diploma Supplement) – Ph.D. (Doctor of Philosophy).


ШКОЛАРИНА

Целосни студии во Македонја. Висината на годишната школарина, за секој запишан студент, изнесува изнесува 3000 евра во денерска противвредност, за секоја од трите години студии во Скопје.

Трета година студии во Франција. Висината на школарината за првите две години е 3000 евра, во денарска противредност, за оние студенти кои ќе се решат третата година да ја студираат на ЕСРА Франција, висината на школарината е 4500 евра.

Начин на уплата Школарината може да се уплати:
- еднократно, со што се стекнува право на 10% попуст,
- на две рати, без камата,
- на четири, шест и дванаесет рати со 0,5% месечна камата

Во школарината не се вклучени и трошоците за редовната заверка на семестрите, полагање на испити во редовните сесии, издавање на уверенија за статус на редовен студент, издавање на уверенија за положени испити, уверение за стекнато високо образование и диплома. Во школарината се вклучени материлите потребни за настава, а не се вклучени материјалите за индивидуалните вежби.


ОПШТИ УСЛОВИ ЗА УПИС НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

Пријавување
Студентите кои се одлучиле да конкурираат на Универзитетот за аудиовизуелни уметности имаат можност да се пријават во четири рока од кој првиот е во од 5-15 мај, вториот 5-15 јуни, третиот од 5-15 август, и четвртиот од 1-10 септември. Студентите кои се пријавуваат во Мај имаат дополнителни 5% попуст на школаринта во првата година.

 

Приемен испит

Приемниот испит не е од елиминационен карактер. Секој студент треба да дојде на примниот испит, каде ќе се врши проценка на афинитетот и степенот на познавање на материјата, за соодветната катедра, од страна на кандидатот. По запишуваето на овој Универзитет, со секој студент се работи поединечно, со цел постигнување темелни знаења, и висок степен на професионализам. Приемните испити се одвиваат во два рока: 25-30 Август и од 10-15 Септември.

 

Запишување и стекнување статус редовен студент.

Студентот се запишува на Универзитетот и се стекнува со статус на редовен студент откако ќе го помине приемниот испит, ќе ја уплати првата рата и ќе ги поднесе следниве документи:
- Пријава за приемен испит,
- Сведителства од средно образование,
- Диплома за положен завршен испит,
- Извод од матична книга на родени,
- Биографија,
- Општо лекарско уверение,
- Фотограгија за на индекс,
- Фотографија за студентско досие.
- Потпишување на Договор за студирање. Секој студент потпишува договор за студирање во кој се прецизираат условите за студирање, висината на школа -
ри ната и правата и обврските на студентот и на Универ -
зитетот.
- Финансиски гарант (Студентот самиот го потпишува Договорот, но за тоа е неопходна изјава од финансиски гарант родител, старател, спон зор, итн.
- Потпишување на Анекс кон договорот. Во Анексот кон Договорот се прецизира динамиката на плаќање, која секој студент ја одбира на почетокот на студиската година.


ПРАВИЛА И ПРОЦЕДУРИ ЗА ТЕКОТ НА СТУДИИТЕ

Запишување на семестар
Секој студент мора да го запише семестарот во рок кој го задава Универзитетот. При запишувањето на семестарот студентот ги внесува задолжителните и изборни предмети, кои мора да ги положи.

Услов
Услов за запишување на секој следен семестар е положување на сите задолжителни предмети. Изборните предмети има право да ги полага во три сесии.

Заверка на семестар
Студентот, откако ќе ги ислуша неопходниот број на предмети задолжителни и изборни, се стекнува со право на заверка на семестарот. Секој завршен семестар мора да се завери.

Запишување на семестар
Секој студент мора да фати услов за запишување на секој следен семестар. Бројот на положени испити за услов е пет.

Пријавување на испити
Секој студент е должен во објавениот рок да пријави испити. Секоја пријава мора да биде точно и јасно пополнета, во спротивно нема да биде земена во предвид.

Сесии
По завршувањето на секој семестар следи сесија со два рока за полагање. Секој септември помеѓу 1-15ти е последната поправна сесија во која студентот мора да ги има положено сите испити. Во првата сесија студентот мора да положи пет предмети, пред се задолжителните, а преостанатите предмети ќе мора да ги положи во следните две сесии.

Колоквиуми и испити
Секој студент има можност, дел од предметите да ги полага низ колоквиуми, при што за да се стекне со оценка треба да ги положи сите колоквиуми во континуитет.

Начин на оценување
Согласно Болоњскиот систем, секој студент се следи и оценува во текот на целиот семестар. Од можните 100% од оценката, 49% отпаѓаат на редовност, активност и проектни активности, а 51% на оцената од заврпниот испит, односно од колоквуимите.

Статус мирување
Секој студент има право да ги стави студиите во мирување доколку од здравствени, финансиски или други причини не е во можност да го продолжи. Условите за статус на студии во мирување се прецизирани во Договорот за студирање.

 

Adv

Актуелни Новости

5 стипендии за Аудиовизуелна заштита и архивистика

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА доделува 5 стипендии за новоформираната катедра по...

Нов оддел за ПАНТОМИМА на ЕСРА


Отворен конкурсот за постдипломски студии

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА...

Студентот на ЕСРА Томи Џуровски освои прва награда

Младиот стрип автор Томи Џуровски ја освои првата награда на конкурсот на канадската...

Заврши 8-мото издание на Актерот на Европа


Повеќе артикли

Есра Групација

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк е во постојана и цврста соработка со ЕСРА групацијата, која постои и работи 35 години. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк. Цената на чинењето на студиите е иста како и за студирањето во Скопје. www.esra.edu

Наставен Кадар

Наставата на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ја изведуваат врвни професори од Македонија, но чести се и предавањата на визитинг професори. повеќе..>>

Ефа Продукција

Освен наставните програми, активностите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, преку својата ЕФА Продукција се насочени и кон изработка на документарни и играни филмски проекти, телевизиски емисии, како и организирање на воркшопови, фестивали, филмски ревии, театарски претстави, организирање на посети на големи имиња од светската театарска и филмска сцена итн. повеќе..>>