| За Нас |
|
|
|
|
Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности - Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк започна со работа минатата година и претставува прв приватен Универзитет од областа на аудиовизуелните уметности во Македонија. Основач на Универзитетот е господинот Јордан Плевнеш, истакнат драмски автор и Амбасадор во УНЕСКО за програмата “Дијалог на цивилизации”.
Со формирањето на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, се создава еден мост помеѓу европските, односно француските искуства од аудиовизуелните области со традицијата и искуствата во Република Македонија. Особено важно е да се напомене воведувањето на неколку катедри од аудиовизуелните области за кои што досега во Македонија воопшто не постоела можност за високообразовна, академска едукација.
Универзитетот формира и црпи искуства од примерот на ЕСРА Франција (Ecole Supérieure de Réalisation Audiovisuelle – Висока школа за аудиовизуелна реализација), со која што има склучено договор кој се однесува на соработка при реализирањето на студиите, заедничките студентски проекти, какои и размена на искуства за оние струки за кои во овој регион не постои едукациско искуство. ЕСРА Франција е висока техничка школа формирана во Париз во 1972 година, која во изминатите 35 години се наметна како еден од главните едукатори во Франција во областа на аудиовизуелните уметности.
Токму постојаната и цврста соработка со ЕСРА групацијата е она што овој Универзитет го прави посебен. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк.
Универзитетот на студентите им нуди на располагање најсовремена техника со што тие ги имаат сите потребни услови за квалитетно следење на наставата и совладување на наставните програми. Студентите одговорите на сите прашања кои ги интересираат може да ги добијат на Студентски прашања кои работат секој ден од 10.00 до 14.00 часот.
Универзитетот
за аудиовизуелни уметности го сочинуваат пет факултети:
- ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЛМСКИ УМЕТНОСТИ - ФАКУЛТЕТ
ЗА ТЕАТАРСКИ УМЕТНОСТИ - ФАКУЛТЕТ ЗА СЦЕНСКИ ДИЗАЈН - ФАКУЛТЕТ
ЗА ПРИМЕНЕТА МУЗИКА - ФАКУЛТЕТ
ЗА ТОНСКА ПРОДУКЦИЈА
Организација Управувањето и раководењето со Универзитетот се врши преку органите кои се во согласност со Законот за високото образование, како што се Универзитетски сенат, Ректор и Ректорска управа, научно-наставен совет, декани и факултетска управа на факултетите во рамките на Универзитетот. Наставата ја изведуваат врвни професори од Македонија, но и визитинг професори од странство. Ректор на Универзитетот е господинот Јордан Плевнеш.
Оценување и диплома Оценувањето на Универзитетот за аудиовизуелни уметности се врши според Европскиот Кредит Трансфер Систем, при што студентите по завршувањето на студиите се стекнуваат со диплома која е акредитирана според Европските нормативи и признаена во земјите на Европската Унија.
ТЕХНИЧКА БАЗА
Просторни услови. Универзитетот е сместен во објектот на Библиотеката Другарче, каде што е сместена и Кинотеката на Република Македонија. Во рамките на објектот функционираат библиотека и кино сала која по потреба може да се користат за наставни и промотивни цели. Универзитетот на располагање на своите студенти им нуди најсовремени училници со сите потребни средства (видео бимови, проектори, компјутери и сл) за успешно следење на наставата.
ТВ СТУДИО РАСПОЛАГА СО СЛЕДНАВА ОПРЕМА: Камера JVC GY-HD200 Камера Panasonic P2 AG-HVX200 Камера Sony HVR-HD 1000E Камера Éclair 16 mm Glidecam Mонитор BR-HD50E JVC professional PROHD Светло FT/CIN75 cinema fluorescent tubes 75W T12 (120cm.) 5500 K - 8 парчиња Светло FT/CIN75 cinema fluorescent tubes 75W T12 (120cm.) 3200 К - 8 парчиња Статив за FS4120 Manfrotto 052B 2 парчиња Адаптер спирог за A225S 2парчиња Стативи за зиберки и омекнувачи Manfrotto 052 B 3парчиња D23 адаптер за омекнувачи 3 парчиња
КОМПЈУТЕРСКИ ЦЕНТАР РАСПОЛАГА СО:
КАБИНЕТ ЗА ПРИМЕНЕТА МУЗИКА:
КАБИНЕТ МОНТАЖА РАСПОЛАГА СО:
AУДИО СТУДИО РАСПОЛАГА СО: |



