Заврши 8-мото издание на Актерот на Европа PDF Испечати E-Mail

Осмото издание на Интернационалниот театарски фестивал “Актерот на Европа”, кој оваа година имаше исклучително богати содржини, полека но сигурно се трансформира во театарска манифестација која зближувајќи ги трите земји и трите јазици на Преспанкото езеро поделено меѓу Грција, Албанија и Македонија, ја претвори митската убавина на Преспа во сценски простор во кој што беа остварени врвни уметнички презентации на 11 претстави, кои што се вистински мостови на зближувањата на театарските традиции на Балканот со Европа и целиот свет.

Синоќа Претседателот на интернационлното жири, кој воедно е и Потпретседател на агенцијата НЕТА за соработка меѓу театрите на Југо-Источна Европа и поранешен Министер за култура на Република Макеоднија, Г-динот Благој Стефановски, пред многубројната пубика ги соопшти наградите кои беа донесени со едногласна одлука на жирито и кои беа поздравени со големи овации на публиката.

Наградата за најдобар актер ја понесе Ментор Зиберај од Косово за изведбата на претставата “Актер во кутија”, која е негово комплетно авторско остварување, додека наградата за најдобра актерка ја понесе Ирина Евдокимова од Русија за изведбата на претставата “Тажна ноќ”, која што претставува музичко-поетски перформанс, базиран врз опусот на Иван Бунин и Сергеј Рахмањинов, во изведбата покрај Ирина Евдокимова учествуваше и Димитри Малтсев како пијано придружба.

Наградата за најдобра театарска претстава и припадна на претсавата КАСАНДРА, која што е меѓународна копродукција на Фестивалот Експонто (Љубљана), Фестивалот Теута (Котор), Фестивалот МОТ (Скопје), Фестивалот ИНФАНТ и СНП (Нови Сад), по текст на Љубо Ѓурковиќ и во  режија на Слобо Милатовиќ.

Награда за животно остварување му беше доделена на легендата на албанскиот театар Димитри Орготска кој што ја изведе претставата “Самоубиство на цвеќиња”.

Оваа година за прв пат беше воведена и специјална награда “Жак Лакариер” на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА за посебно остварување во доменот на аудиовизуелната изведба, која и беше доделена на претставата од Арас, Франција “Те сакам Васлав Нижински”.

Организатори на фестивалот беа Здружението на граѓани “Езеро без граници”, Општина Ресен и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА. Фестивалот се одржа благодарение на несебичната помош на генералниот спонзор Аквапура хотелс, вилас анд спа од Португалија, како и домашните помагатели Тиквеш, Графопром, Рено, Витаминка, Стрежево, Здружението на граѓани Светски релации и весникот Јавност. 

 
< Претходно   Следно >

Adv

Актуелни Новости

5 стипендии за Аудиовизуелна заштита и архивистика

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА доделува 5 стипендии за новоформираната катедра по...

Нов оддел за ПАНТОМИМА на ЕСРА


Отворен конкурсот за постдипломски студии

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА...

Студентот на ЕСРА Томи Џуровски освои прва награда

Младиот стрип автор Томи Џуровски ја освои првата награда на конкурсот на канадската...

Заврши 8-мото издание на Актерот на Европа


Повеќе артикли

Анкета

Што би сакале да студирате на нашиот Универзитет?
 

Есра Групација

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк е во постојана и цврста соработка со ЕСРА групацијата, која постои и работи 35 години. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк. Цената на чинењето на студиите е иста како и за студирањето во Скопје. www.esra.edu

Наставен Кадар

Наставата на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ја изведуваат врвни професори од Македонија, но чести се и предавањата на визитинг професори. повеќе..>>

Ефа Продукција

Освен наставните програми, активностите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, преку својата ЕФА Продукција се насочени и кон изработка на документарни и играни филмски проекти, телевизиски емисии, како и организирање на воркшопови, фестивали, филмски ревии, театарски претстави, организирање на посети на големи имиња од светската театарска и филмска сцена итн. повеќе..>>