| Премиера на "Душички" од Загорка Поп-Антоска Андовска |
|
|
|
|
"Душички" е претстава која на еден духовит и забавен начин зборува за падот на човечките вредности, кризата која го зафаќа духот, робувањето на материјалното, потерата по пари и заработка, површното разбирање на среќата, убивањето на љубовта.... Накратко претставата е за „душичките“ кои го чекаат инвеститорот.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|



Во Сабота, 26.06.2010 во Кумановскиот
театар ќе се случи премиерата на претставата “Душички. Седум приказни за љубовта и
инвестициите”. Текстот и режијата се на М-р Загорка Поп-Антоска Андовска.
Играат Весна Гаврил, Едмонд Сотир, Александра Пешевска, Горан Илиќ, Драгиша
Димитријевски – Шипе. Авторска музика и сценографија подготви Александар
Андовски, костимографија Фросина Настевска, кореографија Александра Пешевска.
Првата реприза е на 29.06.2010 Вторник.
