Премиера на претставата АРТ PDF Испечати E-Mail

Премиера на претставата АРТ од Јасмина Реза во режија на Ирена Стеријовска. Претставата е дел од дипломската работа на студентот од 3-та година по театарска режија Ирена Стеријовска. Претставата ќе се одржи на 27.05.2010 (четврток) со почеток во 16 часот во Драмски театар - мала сцена. Во претставата играат: Ненад Митевски - студент на 3-та година актерска игра на ФДУ, Никола Ацески - студент на 3-та година актерска игра ЕСРА, Александар Ѓоргиески - студент на 3-та година актерска игра ЕСРА.

“Арт” ги отвара прашањата за инаквоста и нејзината антитежа, за доминацијата и влијателноста, ја предизвикува свесноста за таа безмалку инстиктивна потреба “да се биде со некој” , за нејзините последици, за условите кои предизвикуваат еден вид прелевање, пресликување на поединците во колективни претставници. Тука се поставува прашањето:” да се биде со некој” ја детерминира афирмативноста на “да се биде некој” и дали функционирањето во заедница неотповикливо значи губење на сопствената форма и маса? Предизвиканиот судир ја деконстуира токму формата на едно пријателство и ја менува субстанцата на колективот. Дали

 Дали безусловното залагање на современието да се уништат сите дотогаш постоечки принципи е повикување на комплетно осамостојување  (отуѓување) или обид за хомогенизирање на неспоиливите екстреми? И конечно, постои ли бескомпломисен баланс кој може да доведе до совршен компромис?

 

 
< Претходно   Следно >

Adv

Актуелни Новости

5 стипендии за Аудиовизуелна заштита и архивистика

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА доделува 5 стипендии за новоформираната катедра по...

Нов оддел за ПАНТОМИМА на ЕСРА


Отворен конкурсот за постдипломски студии

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА...

Студентот на ЕСРА Томи Џуровски освои прва награда

Младиот стрип автор Томи Џуровски ја освои првата награда на конкурсот на канадската...

Заврши 8-мото издание на Актерот на Европа


Повеќе артикли

Анкета

Што би сакале да студирате на нашиот Универзитет?
 

Есра Групација

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк е во постојана и цврста соработка со ЕСРА групацијата, која постои и работи 35 години. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк. Цената на чинењето на студиите е иста како и за студирањето во Скопје. www.esra.edu

Наставен Кадар

Наставата на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ја изведуваат врвни професори од Македонија, но чести се и предавањата на визитинг професори. повеќе..>>

Ефа Продукција

Освен наставните програми, активностите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, преку својата ЕФА Продукција се насочени и кон изработка на документарни и играни филмски проекти, телевизиски емисии, како и организирање на воркшопови, фестивали, филмски ревии, театарски претстави, организирање на посети на големи имиња од светската театарска и филмска сцена итн. повеќе..>>