Скопје танцовата академија (СДА), ќе се отвори во
склоп на Универзитетот ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк во Скопје од септември 2010.
Наставата ќе ја предводи М-р Рисима Рисимкин, доцент, а ќе се изведува во
соработка со престижната академија за современ танц од Холандија – Rotterdam Dance Academy (РДА).Визитинг професори од РДА ќе доаѓаат и ќе ја
пренесуваат програмата на холандската академија, базирана на класичен балет (50%) и
современ танц (50%), така што студентите ќе се здобијат со знаење и
владеење на двете танцови техники, т.е.ќе се добие комплетна едукација на
европско ниво.
Воедно ќе има можност за настапување најмалку
два пати месечно, со кореографии подготвени специјално со студентите, можност
за престој наРотердамската
академија, како и можност за посета на
аудиции на кои се појавуваат студентите на Ротердамската академија во Холандија. СДА ќе стои комплетно зад студентите со поддршка и
поттикнување на истите за што поголема креативност и пракса, што значи ќе
поддржуваме нови продукции, ќе промовираме млади кореографи и ќе им помагаме да
се пласираат во земјава и надвор од неа. Сите контакти кои ги имаме ќе бидат во
служба на развој на новите студенти, кои ќе станат водечката сила во развојот
на современиот танц во Македонија!
МОЖНОСТИ
Студентите кои ќе ја посетуваат СДА ќе се
здобијат со следните можности:
·работа со
врвни европски стручњаци-професори
·европска
програма по болоњската конвенција
·работа со
врвни кореографски имиња
·поддршка за
развој на креативноста како кореографи
·можност за
настапи минимум два пати месечно
·претстави и
продукции во склоп на СДА
·работилници-
атељеа со врвни стручњаци за:
а) актерска игра
б) светлосен дизајн на претстава
в) сценски дизајн на претстава
г) костимски дизајн за
претстава
д) балетска режија
ѓ) продукциски менаџмент
·поддршка за
настапи на разни европски натпревари
·поддршка за
настап на европски фестивали
·соработка со
танцови компании од регионов и Европа
·престој на
РДА во Ротердам, Холандија
·посета на
аудиции во соработка со РДА
Сите
заинтиресирани можат да ја контактираат Рисима Рисимкин на 070 275 025 за да добијат детални информации за наставниот план и
програма.
Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк е во постојана и цврста соработка со ЕСРА групацијата, која постои и работи 35 години. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во Париз, Ница, Динан или Рен, а специјалистичките студии да ги завршат во Њујорк. Цената на чинењето на студиите е иста како и за студирањето во Скопје. www.esra.edu
Наставен Кадар
Наставата на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ја изведуваат врвни професори од Македонија, но чести се и предавањата на визитинг професори. повеќе..>>
Ефа Продукција
Освен наставните програми, активностите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, преку својата ЕФА Продукција се насочени и кон изработка на документарни и играни филмски проекти, телевизиски емисии, како и организирање на воркшопови, фестивали, филмски ревии, театарски претстави, организирање на посети на големи имиња од светската театарска и филмска сцена итн. повеќе..>>